ОВЕН: ТЕЖОК МЕСЕЦ
Драг Овен, месец октомври ветува дека ќе биде малку тежок за вашиот знак, кој ќе треба да се справи со спротивставувањето на Марс (до 12-ти) и она на Меркур. Изворите на стрес нема да недостигаат, а тие ќе бидат поврзани пред се со работното место, каде што може да доживеете моменти на напнатост или блокада. За среќа, втората половина од месецот ќе ви донесе малку повеќе енергија. Во љубовта пак, можете да сметате на активна Венера во ваша корист само до 9-ти.
БИК: ДОБРА И ЛОША ВЕСТ
Октомври се отвора со прекрасни вести за вашиот знак: конечно – по неколку месеци – планетата Венера ќе се врати на ваша страна! Љубовните неволји од последниот период ќе бидат само далечен спомен и ќе можете да најдете малку рамнотежа и спокојство со партнерот. Има и лоши вести, сепак… Почнувајќи од 12-ти октомври, Марс ќе влезе во опозиција и ќе донесе со себе добра доза на умор и стрес.
БЛИЗНАЦИ: ВЕНЕРА ВИ ГО ВРТИ ГРБОТ
Драги Близнаци, месец октомври не носи добри вести за вашиот знак во однос на чувствата… По долгиот поволен транзит, планетата Венера сега ви го врти грбот и може да доживеете моменти на напнатост во вашата врска. Меркур, пак, од 5-ти ден повторно ќе биде активен во ваша корист, подготвен да ви донесе нови можности, состаноци и прилики на работното место. До 12-ти, Марс ви дава убава енергија.
РАК: МНОГУ ПРЕДИЗВИЦИ!
Октомври ќе биде месец полн со предизвици за вашиот знак, а ви сте предодредени да ги надминете! Меркур ќе направи неповолен транзит помеѓу 5-тиот и 25-тиот ден и нема да недостигаат пречки кои треба да ги надминете, но заштитата на Јупитер и Сатурн ќе ви го гарантира успехот. Венера ќе биде повторно активна во ваша корист почнувајќи од 9-ти, подготвена да ви ја подари втората половина од месецот се во име на љубовта! Враќање на енергија почнува од 12 ден.
ЛАВ: ДОГЛЕДАЊЕ, ВЕНЕРА!
Во месец октомври – а особено почнувајќи од 9-ти – планетата Венера ќе го напушти вашиот знак по долгиот транзит кој ви донесе ново спокојство и стабилност во областа на чувствата. Овој месец можеби ќе има помалку пеперутки во стомакот, но постигнатата рамнотежа нема да ве напушти. Добри вести пристигнуваат на работното место помеѓу 5-ти и 25-ти благодарение на убавиот поволен Меркур.
ДЕВИЦА: ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА!
Драга Девица, октомври ќе биде месец полн со љубов за вашиот знак! Дали сте подготвени да ја пречекате планетата Венера? За слободните, судбинска средба би можела да пристигне, додека оние кои веќе се во пар ќе ја зацврстат врската… Добри вести и на полето на работа, особено во последната недела од месецот, кога и Меркур повторно ќе се активира во ваша корист заедно со планетата Јупитер и планетата Марс.
ВАГА: ОДЛИЧНО!
Драги Ваги, месец октомври ќе ви донесе одлични вести и добри резултати, особено на работното место! Меркур ќе дојде во конјукција со вашиот знак и ќе остане таму до 25-ти, подготвен да ви даде можности кои треба да ги искористите во лет. Понатаму, до средината на месецот можете да сметате на поддршка на Марс, кој ќе ви даде супер енергија и многу дополнителна решителност. Поволната Венера ви носи убави емоции во првиот дел од месецот.
СКОРПИЈА: ВОЗДИВКА НА ОЛЕСНУВАЊЕ!
Конечно можете убаво да здивнете: почнувајќи од 9-ти ден, планетата Венера повеќе нема да биде неповолна за вашиот знак! Љубовните маки од последниот период поминаа, сега ќе можете да внесете спокојство и пред се радост во љубовниот живот. Доколку сте слободни, подгответе се за среќни средби, кои се особено можни на крајот на месецот, кога планетата Меркур влегува во заштита на вашиот знак!
СТРЕЛЕЦ: ТУРБУЛЕНТЕН МЕСЕЦ
После долг период на сентиментално спокојство, месец октомври ќе ви донесе турбуленции… Почнувајќи од 9-ти ден, планетата Венера ќе ви го сврти грбот и може да настане некаква тензија во вашиот љубовен живот. Сепак, областа на работа е среќна: почнувајќи од 5-тиот ден, планетата Меркур повторно ќе стане активна во ваша корист и ќе можете да ги оставите зад себе тешкотиите и блоковите од последниот период.
ЈАРЕЦ: ОЛЕСНУВАЊЕ!
Месец октомври му ветува на вашиот знак добро закрепнување, пред се енергетски: почнувајќи од 12-ти, всушност планетата Марс ќе престане да ви „тежи“ и ќе преземе нешто во ваша корист! Венера исто така ќе се врати да делува во ваша корист почнувајќи од 9-ти: неколку убави изненадувања се на пат во однос на областа на чувствата! Внимавајте, сепак, на неповолниот Меркур до 25-ти, кој може да донесе одредени непријатности на работа…
ВОДОЛИЈА: ОДЛИЧНО НА РАБОТА!
Драга Водолија, конечно, по неколку месеци страдање, планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција на вашиот знак! Почнувајќи од 9-ти ден, ќе можете да здивнете убаво: ако вашиот љубовен живот во последниот период беше само извор на тага, сега ќе можете повторно да ја откриете желбата и задоволството од љубовта! Добри вести и на работното поле: поволниот Меркур до 25-ти ви носи интересни вести.
РИБИ: ВЕНЕРА ВО ОПОЗИЦЈА
Драги Риби, за жал, месец октомври ќе биде прилично тежок за вашиот знак во однос на чувствата: почнувајќи од 9-ти, всушност, планетата Венера ќе влезе во спротивставеност на вашиот знак и љубовта ќе ви донесе тешки моменти… Октомври, сепак, ви носи и добри вести: почнувајќи од 5-ти ден, Меркур повеќе нема да биде во опозиција и барем на работниот план ќе можете да ги постигнете посакуваните резултати!