18.8 C
Скопје
15:17 - 14 март, 2026

Магични средби: Два хороскопски знаци може да ја сретнат својата сродна душа на 11.11

Утрешниот датум 11 ноември, односно 11.11, се смета за магичен, а според астролозите некои хороскопски знаци може да ја сретнат својата судбинска љубов токму на овој ден. Според нумеролозите пак, датумот 11.11 (11 ноември) открива пораки од ангели, и тие веруваат дека носи моќна порака за сите хороскопски знаци кои знаат да ги препознаат сигналите од Универзумот.

Во секој случај се верува дека врските започнати на овој датум се предодредени да траат.

Овие два хороскопски знаци имаат најголеми шанси да ја запознаат својата сродна душа на 11. 11. Откријте дали сте еден од нив.

ВОДОЛИЈА

Веројатно сте биле во врска со кармичка сродна душа која никогаш не сте ја преболеле. Сте си го чувале срцето додека сте ги лекувале раните… Но, Универзумот ќе биде навистина дарежлив кон вас и ќе ви донесе нова сродна душа. Време е да се обедините со вашиот вистински духовен близнак: ова ќе биде исклучителна личност која ќе ви одговара во секоја смисла на зборот: интелектуално, физички и емоционално. Затоа искористете го утрешниот ден до максимум, излегувајте во друштво, забавувајте се и погледнете наоколу, љубовта е зад аголот…

СТРЕЛЕЦ

Стрелците толку многу ја сакаат слободата што често сами себе се саботираат дури и пред вистинската љубов. Живеете во страв дека ќе жртвувате добар дел од своето време за некој друг, а во исто време копнеете по совршен партнер и се држите до многу високи критериуми. Но, утре може да ви се случи вистинска магија. Вашата сродна душа може да ја препознаете во близок пријател, колега од работа, личност од минатото, поранешен партнер со кој сте се разишле пред многу години без да се „препознаете“. Очекувајте интересна средба, волшебна, од која ќе се роди нешто големо и трајно.

Астро прогноза за петок, 10 ноември

Слични објави

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо
Се вчитува....