00:07 - 5 февруари, 2026

КАКО БИ РЕАГИРАЛЕ ВИЕ?: Вака би изгледало кога 12 луѓе од различни хороскопски знаци би живееле во ист стан

Додека Јарецот постојано го исклучува бојлерот и штеди на струја, Вагата и Лавот се „тепаат“ за огледалото. Девицата прави свежи сокови, Близнаците постојано нешто губат, а Рибата спие.

Еве една астролошка шега која на многу духовит начин открива како би изгледал животот ако сите 12 претставници на хороскопски знаци се најдат едно утро во ист стан.

 

6:00 часот: Девицата станува и пред туширање го брише купатилото. По миењето на забите, четкичката ја става во стерилна ќесичка и ја остава на посебно место, далеку од останатите четкички.

6:15 часот: Јарецот станува и го вклучува бојлерот, истекол терминот за ефтина струја.

6:20 часот: Водолијата заминува на утринско џогирање.

6:30 часот: Вагата и Лавот се „тепаат“ за огледалото, ама и за кремата за лице и за гелот за коса.

6:40 часот: Бикот појадува „нутела“ со голема лажица.

6:45 часот: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.

7:00 часот: Ракот подготвува сендвичи, додека Девицата цеди свежи овошни сокови. Близнаците се се уште во кревет, а на мобилниот телефон ги проверуваат меиловите и новостите на социјалните мрежи.

7:05 часот: Шкорпијата ја „крши“ вратата од купатилото, Вагата излегува навредена со несесерот во раце.

7:10 часот: Oвенот станува и ја вклучува стоперицата. .

7:11 часот i 45 секудни: Oвенот е веќе истуширан, облечен, и мавта од скалите. Ја исклучува стоперицата.

7:15 часот: Бикот со лажицата ја „струга“ теглата, нема веќе „нутела“.

7:20 часот: Вагата и Лавот пак се тепаат за огледалото, Лавот си го проверува изгледот и излегува воодушевен од самиот себе.

7:30 часот: Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот пак го исклучил бојлерот.

7:40 часот: Сите заминуваат.

7:45 часот: Близнаците се враќаат, го заборавиле едниот од трите мобилни телефони.

7:50 часот: Близнаците повторно се враќаат, го заборавиле паричникот.

8:00 часот: Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот.

 

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....