19:39 - 9 јануари, 2026

Искрени, лојални и добронамерни: Ова се најчесните хороскопски знаци!

Припадниците на овие хороскопски знаци никогаш нема да можат да ве излажат, бидејќи веднаш поцрвенуваат и почнуваат да се препотуваат. Тие секогаш попрво ќе ја одберат суровата вистина, а не добронамерната лага.

Токму затоа тие се одлични пријатели и бизнис партнери, на кои секогаш ќе можете да се потпрете и кои никогаш нема да ја изневерат вашата доверба. Можете да се сметате себеси за среќна личност доколку ги имате следниве хороскопски знаци во вашиот живот…

Овен

Веселиот израз на неговото лице не мора ништо да значи, ниту пак фактот дека изгледа многу младо и незрело за годините. Машките припадници на овој знак имаат продорен поглед, поради кој нема ни да се осмелите да ги излажете, а тоа е паметен избор бидејќи тие никогаш не би простиле лага. Секогаш се брутално искрени и истото го очекуваат за возврат. Жената Овен, пак, никогаш не може да ги скрие нејзините емоции. Веднаш ќе можете да ги прочитате нејзините мисли, само ако фрлите еден единствен поглед на нејзиното лице.

Бик

Биковите се многу опуштени и духовити. Изразот на нивното лице како да сака да ви каже дека со нив сте заштитени и затоа не треба да ве излаже боемската атмосфера која извира од нивниот неодолив поглед. Бикот говори со толку смирен и нежен тон, што неговиот глас ќе ве натера да се почувствувате размазени и сигурно како мало дете. Можете да бидете сигурни дека Бикот никогаш нема намерно да ве повреди или навреди.

Вага

„Јас балансирам“ е главното мото на овој знак. Кога работите ќе излезат надвор од контрола, Вагата е таа која воведува ред и смирува страстите. Мирољубива и праведна, Вагата мрази да биде сама. На сите можни начини ќе се обиде да одбегне караници и лаги. Секогаш ќе биде тука за вас како пријател и ако се обиде да ве излаже, многу брзо ќе се издаде самата, бидејќи има многу силна грижа на совест.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....