-0.2 C
Скопје
00:10 - 19 декември, 2024

Дневен хороскоп за 3 декември: Не занемарувајте ги вашите најблиски затоа што сте под стрес

Овен
Бидете нежни кон себеси затоа што новите чувства кои ќе ви се разбудат можеби ќе бидат премногу интензивни. Вашата креативност моментално е на врвот и треба да го искористите тој миг. Имате енергија за да ги завршувате сите работни обврски. Вам и на партнерот ви треба повеќе дружење и забава. Љубовта ви е вашата најголема мотивација.

Бик
Денес ќе се чувствувате одлично, без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени. Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисла работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат. Уживајте во својот свет на интима и љубов и ќе бидете задоволни целосно од односот на саканата личност.

Близнаци
Поради различните правила и деловниот интерес, пожелно е да ја прифатите компромисната варијанта. Иако немате многу енергија од своја страна, ќе помогнете макар и со совет или убав збор, пофалба, љубезност, некој ситен подарок како знак на внимание. Ве чека успех во областа на комуникациите, но потребна ви е помош од соработниците.

Рак
Денот ќе ви започне со стрес и нервози, но при крајот ќе можете да здивнете. Ќе успеете да ги завршите сите обврски навреме, а тоа ќе ви донесе позитивни резултати во иднина, немојте да се грижите, имате сè под контрола. Вашето семејство ви ја пружа потребната поддршка, бидете им благодарни. Не ви забележуваат, бидејќи бевте во вистински хаос.Прочитајте и…  Детален месечен хороскоп за декември за Јарец, Водолија и Риби: Ќе размислувате за своите постапки и ќе ја анализираат вашата врска

Лав
Ако се занимавате со приватен бизнис, некои од вашите тајни планови ќе бидат остварливи. Би било добро да ја решите заостанатата администрација. Ќе имате можност да дојдете во посед на некои поголеми недвижности. Ќе почувствувате зголемена потреба за поголема физичка блискост со партнер, затоа обидете се тоа и да го постигнете.

Девица
Со партнерот меѓусебно ќе се надополнувате еден со друг во подобрувањето на вашиот заеднички живот. Оптимистични сте. Многу лесно постигнувате договор со другите луѓе. Не ви е тешко што другите луѓе бараат од вас, вие сте многу амбициозни и вредни. Имате многу работа да завршите. Лесно доаѓате до решение за проблемот. Завршете ги обврските навреме.

Вага
Целосно сте разочарани од соработката, и ја прекинувате. Прекинот се одвива во напната атмосфера. Не сте задоволни од врската. Партнерот ви делува ладно и незаинтересирано. Со поттикнувањето на емотивното ривалство се зголемува незадоволството. Не нервирајте се премногу, затоа што сè не ви оди како што сте замислиле.Прочитајте и…  Клиничката болница Жан Митрев повторно носител на златниот печат од JCI

Скорпија
Денес ќе имате пред себе многу обврски, па затоа е важно добро да се организирате и да се посветите на работата. Може да се надевате на многу позитивни промени на полето на љубовта. Ве очекува добра фаза на ова поле. Имате можност да прифатите понудата која сте ја добиле и да продолжите да ја развивате вашата работа во добра насока.

Стрелец
Ако сте изморени од монотонија и здодевност на љубовен план, денес конечно можете да се опуштите, бидејќи ве чека возбуда за која сонувавте подолго време. Планетите ви носат ненадејна средба којашто ќе ве сврти за 360 степени. Очекувајте пеперутки во стомакот и флертување во невидени количини. Пријателите се секогаш тука за вас и вие го знаете тоа.

Јарец
Немојте да се вознемирувате премногу, но потрудете се брзо да завршите сè што ви треба. Малку сте побавни од вообичаеното. Не нервирајте се ако немате време за работните обврски, туку подобро организирајте се. Не е ден за нови почетоци, туку за завршување на обврските. Не ви е лесно да одржувате мир и стабилност. Направете што можете.Прочитајте и…  СЗО препорача носење на маски во домовите во посебни случаи, еве кои се тоа

Водолија
Сепак, многу идеи чекаат да се реализираат, затоа не чекајте можноста да се создаде сама од себе. Мора да употребите поголем напор за да дојдете до реализирање на работите што сте ги занемариле. Од нив ќе никне нов ток на нештата за кои сте мислеле дека никогаш нема да ви се остварат. Најдете повеќе време за приватниот живот.

Риби
Не занемарувајте ги вашите најблиски затоа што сте под стрес. Направете што можете за да бидете задоволни со ефектот. Минимумот секогаш е подобар од тоа да не завршите ништо. Повеќе би сакале да се одморите, но ако тоа не е можно, одредете ги вашите приоритети. Не ви е лесно да ги исполните обврските што ви се дадени. Ви трпи љубовниот живот.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....