Овен
Посакувате цврста и топла врска со саканата личност. Ако сте се во врска или во брак, ќе се посветите еден на друг. Ќе се преиспитувате за некои одлуки, но нема ништо големо да менувате. Негувајте ги контактите со познајниците и со пријателите од странство, во наредниот период тие ќе имаат огромно влијание врз вашиот живот.
Бик
Вие од ништо не сте задоволни во овој период! Не сте задоволни од состојбите на работа и размислувате да почнете промени на деловно поле. Не сте подготвени за компромиси кога станува збор за љубовта и сакате да бидете онака како што сте замислиле. Добро размислете дали сте во право или во прашање е вашето его.
Близнаци
Во наредниот период ќе бидете пред голема дилема. Дали да ја прифатите понудата за работа во друг град или да останете во местото каде што живеете со партнерот. Иако не ви се допаѓа нечие однесување, не можете да ги промените основните услови или одредени правила што ги диктираат вашите соработници.
Рак
Ве очекуваат неколку неодоливи понуди, па добро размислете што е најдобро за вас. На професионално поле ќе размислувате за вашата иднина, а време e и да направите нешто во врска со вашите цели. На емотивно поле, бидете поискрени со партнерот, откријте му ја вашата голема тајна, ќе наидете на разбирање од него.
Лав
Активен и комуникативен ден, средби, состаноци, телефони… Нека не ве изненадува нервната раздразливост, тоа е нормално покрај толку ангажмани. Рационални сте во љубовта, а партнерот ја почитува таа особина кај вас. Можна е средба која одамна ја очекувате, од која ќе дознаете важни нешта.
Девица
Задачите, обврските или документите кои се значајни и важни за вас, не им ги доверувајте на други лица. Единствена личност на која треба да ѝ верувате сте вие самите. Додека вие детално ги анализирате нештата, други сакаат да ви направат сплетки и да ве спречат во остварувањето на вашиот професионален сон.
Вага
Би било идеално да можете да заминете некаде на одмор, барем накратко. Осамените Ваги на едно пријателство ќе гледаат со други очи. Оној што до вчера ви бил близок пријател, може да ви стане и емотивен партнер. Развивате силни емоции кон таа личност. Заводливо и романтично сте расположени кон неа.
Скорпија
На емотивно поле, ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Партнерот ви „фрла“ провокации, а вие сте вљубени во него и избегнувате расправии. На професионално поле, за да функционирате на работа, ќе мора со доверба да се потпрете на другите колеги. Не ви се допаѓа тоа, но мора да биде така.
Стрелец
На емотивно поле, тешко ги покажувате чувствата поради разочарувањата што сте ги доживеале во минатото. Време е да се ослободите од минатото кое ве прогонува. На професионално поле, може да очекувате стабилност и шанса за постепено да напредувате. Финансиската ситуација станува сѐ подобра и подобра.
Јарец
Мали турбуленции на работа, но, вашата самодоверба ви дава сила и во овој момент. И покрај тоа што не сте во идеални околности во деловната сфера, факторот на среќа би можел да ве послужи денес. Слободните Јарци може да запознаат личност со која ќе имаат љубов до крајот на животот. Ќе бидете среќни.
Водолија
Може да се надевате на многу позитивни околности. Ќе ги докажете своите способности и посветеноста на работата. Преку интересна комуникација со една нова личност, полека доаѓате до зближување и флертување. Избегнувајте мрсна храна. Наместо да седите пред компјутерот, редно е физички да се активирате.
Риби
На деловно поле, работите нема да одат во очекуваниот правец. Очекувајте некои нагли конфликти и проблеми. Тоа ќе ви дојде како гром од ведро небо и во прв момент ќе ја разниша вашата професионална стабилност. На емотивно поле ве очекуваат големи изненадувања. Со саканата личност ќе имате искрен разговор.