1.8 C
Скопје
18:21 - 17 ноември, 2024

Астро прогноза за понеделник, 10 октомври

Овен
Во љубовта ве мачат ситни грижи, кои ви задаваат големи главоболки. Не ви излегуваат од главата. Важно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да побегнете дома.

Бик
Денес во работењето максимално ќе ја користите интуицијата и нема да зажалите. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи, добра храна, нежности… Ќе бидете нежни и мили, а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина.

Близнаци
Имате тешкотии во завршувањето на своите обврски. Потребна ви е помош од колегите. Вашите очекувања од областа на љубовта се големи. Сакате да бидете што е можно поблиски со личноста за која имате чувства. Внимавајте како ќе се однесувате кон неа, можно е да бидете малку понападни од обично. Воздржувајте се!

Рак
Не сте расположени за работни обврски. Не се присилувајте денес да ги извршите сите обврски. Ќе има контраефект, затоа е многу подобро да се одморите. Партнерот ве информира дека го загрижува вашиот однос со некој пријател. Ќе покаже невообичаена љубомора. Имате нагласена потреба за љубов и интима со партнерот.

Лав
Денот ќе биде поволен ден за вашите финансии и парични добивки, а тоа ќе влијае позитивно на вашето расположение. Задоволни сте од секој аспект во вашиот живот. Уживате во љубовта со партнерот, испланирајте кратко патување, вечера на невообичаено место, направете нешто што досега не сте го направиле!

Девица
Фокусирајте се на сите семејни проблеми кои ви се провлекуваат низ прсти, ќе бидете миротворец со причина. Не плашете се да зборувате отворено. Преземете акција ако сакате ја освоите личност која одамна не ви дава мирно да заспиете. Не стојте настрана, не треба да бидете само набљудувач. Се вљубивте, без да забележите.

Вага
На деловно поле, пред вас е многу поволен период во кој ќе бидете исклучително вредни и продуктивни. На емотивно поле ве очекува убава ситуација и одлично поминат ден со саканото лице. За оние кои што се сингл, ги очекува интересна средба со една личност која не открива многу нешта за себе. Мистериозноста ќе ве привлече.

Скорпија
Сфативте каде сте згрешиле во минатото и сега, време е да се свртите кон иднината. Денес е можна тајна средба која ќе разбуди емоции кај вас и ќе ви даде нова надеж. Зграпчете го она што ви се нуди. Не колебајте се. Денес е можна финансиска добивка. Или некој заборавен долг, или нешто што е хонорарно…

Стрелец
Финансиите ви се променливи и нестабилни. Незадоволни сте. Ако сте во врска, доколку не му покажете на партнерот искрени емоции, може да не ве разбере. Ако сте сингл, може да дојде до интересно познанство со личност што ќе ви пружи многу љубов. Размислувате за емотивното минато и се каете поради направените грешки.

Јарец
Љубовните односи ќе ви бидат во втор план. Рационални и практични сте, и секој ваш потег однапред добро ќе го смислите. Слободните Јарци можат да почувствуваат привлечност кон помлада личност или можеби пријател додека другите се уште ќе уживаат во тајните врски и двојните игри. Внимавајте да не се „испечете“!

Водолија
Турбулентен ден. Денес ќе да му ставите крај на пријателство кое само ви штетело. Ќе имате повеќе обврски во текот на денот, па добро организирајте си го времето. Ако сте во врска, денес нема да ви се допаѓа мислењето на партнерот. Најдобро не му приговарајте за ова, а сериозните разговори оставете ги за некој друг ден.

Риби
Мора да ги наполните батериите, а дружење со пријателите ќе ви помогне во ова. Почнувате да го гледате животот од нова перспектива, а благодарение на ова ќе се ослободите од навистина голем проблем. На поле љубов не плашете се да зборувате за вашите потреби. Не заборавајте дека партнерот секогаш ќе ве разбере.

Слични објави

Шокантна одлука на поранешната членка на „Харикејн“: „Се повлекувам од естрадата за да не се оболам психички“

Еспресо

(Фото) Станија провоцира: Старлетата позира топлес, на неа само минијатурна танга

Еспресо

(Видео) Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

Еспресо

(Видео) Српската пејачка шокирана: Богат шеик ѝ приредил изненадување на концертот на Цеца во Дубаи!

Еспресо

(Видео) Познатиот босански актер доживеал драма, завршил во полиција во Австрија

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Овните ќе имаат интригантна љубовна ситуација, Скорпиите да внимаваат на некои документи

Еспресо
Се вчитува....