1.8 C
Скопје
21:39 - 18 декември, 2024

Астро прогноза за 16 октомври, недела

Овен
Незадоволството на љубовниот план се заканува да стане причина за сериозен конфликт помеѓу саканата личност и вас. Вистинската причина за сето тоа лежи во фактот дека, веќе извесно време, ја сведувате врската на допишување и телефонски разговори, кои се претежно оскудни.

Бик
Ако имаше некои недефинирани односи што досега не сте ги разјасниле и расчистиле, вечерта ви донесува вистинско откровение. Ви пристигнува неочекуван поттик и поддршка од личност од која тоа не сте го очекувале. Време е да се опуштите, да се забавувате, но избегнувајте алкохол.

Близнаци
Внимавајте на вашите трошоци, неопходно е внимателно и темелно да го распределите секој денар. Невработените треба да се обратат до своите пријатели за помош. На крајот на денот доаѓа олеснување и силна морална поддршка од страна на постар член на семејството.

Рак
Доколку имате проблематични односи во работната средина, овој ден ви носи вистинско откровение. По прераспределбата на обврските и задолженијата, ќе добиете неочекуван поттик и помош од личност која досега не ви била пријателски наклонета. Можно е да склопите пријателство поради кое ќе станете подобра верзија од себеси.

Лав
Ако се најдете во позиција да купувате нешто големо или да потпишувате некои многу важни вредни документи, бидете претпазливи, бидејќи сега не е поволен период за тоа, предупредуваат ѕвездите. Може случајно да направите грешка која подоцна нема да можете да ја исправите.

Девица
Ненадејна средба отвора можност старо познанство да прерасне во романса. Трпеливо надминете ги можните тешкотии на почетокот, бидејќи сѐ ќе изгледа многу хаотично. Вечер пристигнува неочекуван пресврт што ќе ве потресе. Ќе бидете растргнати помеѓу желбата да отпатувате некаде и потребата да останете дома.

Вага
Пред вас е можна мала криза бидејќи врската со саканата личност е сведена на кратки разговори кои по навика ги извршувате на крајот од секој ден. Грешите ако мислите дека ќе ја поправите работата со долг и исцрпувачки разговор за кој вечерва не е време. Заведете го оној што ви се допаѓа.

Скорпија
Настапува период на сериозни партнерства и обврзувања. Некои Скорпии ќе бидат запросени, додека други ќе влезат во нова врска. Позитивен настан ќе донесе среќа под вашиот семеен покрив. Во вашата кариера важна улога ќе одигра личност од посилниот пол. Ќе добиете шанса за едукација во странство.

Стрелец
Како на љубовен, така и на деловен план, пред вас е ден полн со ризични ситуации. Ова бара многу енергија, која инаку ви недостасува. Разговорите што ги имате со одредени луѓе нема да дадат големи резултати. Ја ловите секоја можност на конкуренцијата да ѝ покажате дека сте многу поспособни.

Јарец
Од страв да не ја разнишате привидната стабилност во врската, целата вина ја преземате на себе. Можеби ќе влезете во сериозен конфликт затоа што сте го прецениле своето трпение. Промените во вашиот приватен живот, исто така, ја нарушуваат и рутината во вашата секојдневна работа, во секојдневието, генерално.

Водолија
На повидок е финансиска добивка која ќе ја ублажи тензијата што ве мачи веќе некое време. Немојте да се затрупувате со нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Одложете сѐ што не сте обврзани денес да го завршите. Не се изложувајте на комплицирани ситуации поради кои ќе делувате несериозно.

Риби
Денот го почнувате со грандиозни планови. Конечно можете да донесете одлука, иако тоа не е вашиот најголем проблем. Победете ја својата колебливост и прифатете ги одговорностите. Избегнувајте расправии со мажи. Не двоумете се во љубовта, вистинско време е да заземете цврст став.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо
Се вчитува....