5.8 C
Скопје
03:30 - 28 април, 2024

4 НАЈСРЕЌНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВО 2022: Дали за вас иднината е блескава?

Со доаѓањето на Новата година, многумина очекуваат дека проблемите ќе останат во минатото, а на полноќ сите секако го посакуваат истото – среќата. Хороскопот открива кои 4 знаци ќе имаат најмногу среќа во 2022 година, дознајте дали сте меѓу нив.

Девица

Вредните, амбициозни и аналитички претставници на овој знак ќе имаат речиси двојно повеќе среќа во 2022 година од претходната. На работа можете да очекувате развој на проекти, одлични идеи и развој на планови кои долго време стојат во место. Тоа не значи дека ќе бидете максимално посветени на работата, бидејќи почесто од порано ќе имате време да се забавувате со пријателите, да излегувате, да флертувате, а можеби и да пронајдете нова љубов. Романсата што Девиците ја започнуваат во 2022 година може да има светла иднина.

Вага

Од самиот почеток на 2022 година, Вагите ќе почувствуваат дека среќата е на нивна страна. Ќе бидете активни на полето на кариерата, ќе преземете иницијатива и ќе се борите за вашите амбиции. Ќе бидете успешни во различни области, а доколку оваа година се одлучите за хоби, ве очекува значителен напредок. Вратата ќе се отвори за различни можности, а ако добро ја искористите шансата, можете да напредувате и на полето на финансиите. Во љубовта има многу страст и романтични искри, а некои Ваги може да се вратат кај бившиот партнер.

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Колку пати ќе се вљубите во животот според вашиот хороскопски знак?

Водолија

На професионален план настаните ќе се развиваат брзо и интересно. Бранот на ненадејни промени може да ве исплаши и вознемири, но тоа секако ќе биде најубавото нешто што ви се случило неодамна. Ќе успеете да воспоставите баланс помеѓу умот и срцето, покажувајќи јасност и мудрост, но и емоционалната страна во љубовта и семејните односи. Успешно ги избегнувате грешките и неволјите на работа, а поддршката од вашите сакани никогаш не е подобра и тоа ви значи.

Скорпија

Во 2022 година ве очекуваат нови познанства и вредни искуства. Скорпиите ќе бидат доста активни во стекнување пријатели, но и во остварување важни контакти кои можат да бидат пресудни за успех на работа. Ќе постигнувате добри резултати во многу области, а особено ќе се радувате на подобрувањата што може да следат во наредната година. На романтичен план владее рамнотежа и хармонија, а осамените Скорпии ќе имаат интересен и емотивен период, но на крајот се ќе биде како од бајка.

НЕСРЕЌНИ ЉУБОВЏИИ: Хороскопски знаци кои секогаш се заљубуваат во погрешните

извор: „sensa.mondo“

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....