Овен
Ви претстојат сериозни задачи. Имате финансиски проблеми за кои треба да најдете решение. Не наоѓате разбирање ниту во кругот на семејството, па тоа ви става дополнителен товар. Кога добро ќе се одморите, ќе се појави решение кое сега не го гледате.
Бик
Дисциплинирано давате сè од себе за да ги завршите обврските кои невешто ги презедовте на себе. Резултатите се неизвесни, но оптимизмот и чувството дека ќе произлезе нешто добро не ве напуштаат.
Близнаци
Се чувствувате како никој да не ве разбира. Тешко е да се зборува за такви работи кога немате високо мислење за себе. Ја криете својата длабока несигурност зад маската на незаинтересирано однесување, што секако ги одбива дури и оние луѓе кои ве разбираат и сакаат.
Рак
Вие сте во позиција да извршувате две посебни, но подеднакво важни работи истовремено. Нормално ви оди добро, но денеска се колебате. Направете мала пауза навреме за да не направите грешка која подоцна ќе ви биде тешко да ја поправите.
Лав
Непланираните трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е малиот прилив на пари, туку вашето претходно трошење.
Девица
Нешто што сте го чувале во тајност може да ја види светлината на денот денес. Без оглед на тоа што внимателно сте го подготвиле секој детаљ, токму сега ќе откриете низа грешки кои ќе го доведат во прашање целиот ваш план. Не паничете, успехот е сигурен.
Вага
Не преземајте нови обврски, најдобро е денот да го поминете во минимални деловни активности. Наскоро ќе имате поголем прилив на пари кои можат во голема мера да ги решат финансиските проблеми за кои моментално немате долгорочно решение.
Скорпија
Ги надминувате вашите можности. Заморот кој ве мачи веќе некое време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното. Поради недостигот на сон ви паѓа и концентрацијата, па доколку не го решите тоа, следува сериозен пад на енергијата.
Стрелец
Добивате нови задачи. Со оглед на тоа дека е област во која не сте се испробале, ќе ве лансира во голем предизвик. Ќе си докажете себеси и на другите колку се големи вашите способности. Не се занесувајте затоа што не сте безгрешни.
Јарец
Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Во мислите сте далеку бидејќи однапред планирате активности, чија реализација е сè уште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.
Водолија
Партнерот ве провоцира и искушува, па во афект излегува нешто што сте сакале да го премолчите. Сè може да кулминира со одлука од која се плашите. Се наоѓате во незавидна положба, не сакате да продолжите понатаму, но не сакате ниту да раскинете.
Риби
Ве мачи минатото и поминувате добар дел од денот прашувајќи се што сте можеле да направите поинаку. Свртете се кон вашите најблиски и слушајте што имаат да кажат. Зголемената физичка активност може да ве оживее, особено пливањето или престојот покрај вода.