16:23 - 15 мај, 2026

Прво огласување на Душко Тошиќ по гостувањето на Јелена, Атина и Ника во „Амиџи шоу“: Таткото на девојчињата е сосема јасен

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша и нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ синоќа беа гости во емисијата „Амиџи шоу“. Ова беше нивно заедничко гостување и прво појавување на нејзините наследнички некаде во емисијата.

Амиџиќ ги праша девојчињата за нивниот однос со нивниот татко Душко Тошиќ откако нивните родители се разведоа, а тие признаа дека не живеат заедно, но дека тоа не им го нарушува односот.

– Најдобрите родители на светот, ги сакам! – рекла Ника, што Атина го потврдила тоа и додала:

– Иако не живееме со него, се гледаме постојано, како да живееме заедно.

Истото го истакнала и Јелена, која особено нагласила дека кога станува збор за родителство, тие се грижат за своите ќерки подеднакво добро.

Сега се огласил и Душко на својот профил на Инстаграм, а иако директно не го коментирал нивното гостување во шоуто на Амиџиќ, ги споделил рекламите за првиот мист за тело на Атина и Ника што тие го сомислиле и дизајнирале, а кои сега се пуштени и во продажба.

Синоќа, Јелена гордо ги претставила првите мирисни производи на нејзините наследнички, кои по месеци работа решиле да тргнат по нејзините стапки.

По завршувањето на многу успешната емисија, тимот на „Амиџи шоу“ објавила серија приказни на својот официјален инстаграм-профил. Тоа биле претежно исечоци од гостувањето на Јелена со ќерките, а последната инстаграм-приказна била објавена утрово и предизвикала големо внимание.

Имено, на профилот можеме да видиме видео од преслатко куче јазовичар удобно сместен во фотелјата на Огњен, а потоа и хумористична порака дека водителот е заменет.

Амиџиќ сè уште не реагирал на оваа објава, односно не ја споделил на својот приватен инстаграм- профил, што сигурно ќе го направи кога ќе ја види, бидејќи е познат како личност со здраво чувство за хумор.

Слични објави

Рекорден интерес за настапот на Дејвид Гета во Скопје – распродадени сите 50.000 влезници за концертот

Еспресо

Ти си песна што ќе трае: Убави новости кај Анета Љумаковска и Рубин

msp-admin

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ направија свадба, пред неколку дена кажаа дека очекуваат принова

Еспресо

(Фото) Голема прослава во семејството Ражнатовиќ – Богдана и Вељко го прославија роденденот на синот Исаија

Е.А.

Во тајност започна снимањето на новата серија „Марина и Фута“

Е.А.

Кој чека ќе дочека: Тамара и Тијана открија интересна новост

msp-admin
Се вчитува....