7.8 C
Скопје
11:59 - 9 јануари, 2025

Хороскоп за 30 ноември: На Близнаците им оди добро љубовта, Лавовите ќе бидат ранливи

Овен 

Љубов: Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со партнерот, денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно, а ќе постои и одредена блискост.

Кариера: Се чини како другите денеска да водат главен збор, па на вас останува мудро да се прилагодите. Бидете трпеливи.

Здравје и совет: Радувајте му се на секој убав момент.

Бик

Љубов: Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луда забава без емотивно исполнување.

Кариера: Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет: Бидете умерени.

Близнаци

Љубов: Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате.

Кариера: Кога не би имало барања и деловни планови, секој би работел што сака, но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.

Здравје и совет: Прошетајте се на воздух.

Рак

Љубов: Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации, бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата.

Кариера: Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат.

Здравје и совет: Издржете.

Лав

Љубов: Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа, подложна на чувствителност и ранливост.

Кариера: Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас.

Здравје и совет: Преодна психичка нестабилност.

Девица

Љубов: Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате.

Кариера: Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено.

Здравје и совет: Душевен немир што набргу ќе помине.

Вага

Љубов: Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај, ќе бидете доследни.

Кариера: Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно.

Здравје и совет: Внимавајте да не се сплеткате.

Скорпија

Љубов: Нема да се збуните, доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера: Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет: Чувствителност на бубрезите.

Стрелец

Љубов: Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера: Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет: Постои можност за настинка.

Јарец

Љубов: Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се.

Кариера: Ќе биде затегнато на работното место, зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи.

Здравје и совет: Изразите го својот став и борете се.

Водолија

Љубов: Уште сте подготвени за многу нова љубов, а не авантури, а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера: Нема друго, туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти, туку напротив, ќе се очекува многу од вас.

Здравје и совет: Одморете се во слободното време.

Риби

Љубов: Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности, но притоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите.

Кариера: Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас. Помогнете им.

Здравје и совет: Преоден стрес.

 

Слични објави

По граѓанскатa, следува и црквена венчавка: Игор Којиќ пред Бог ќе ѝ се заколне на 15 години помлада Софија

Еспресо

(Фото) Кеба почна да заработува на Тикток! Пееше и свиреше маскиран како слон, следбениците му праќаа пари

Еспресо

Милица Тодоровиќ има ново момче: Тој е богат бизнисмен, откриено и колку долго се во врска

Еспресо

(Видео) Адам Броди, Били Кристал и Парис Хилтон се меѓу ѕвездите чии куќи изгореа во пожарите кај Лос Анџелес

Еспресо

Хороскоп за 9 јануари: Близнаците се оптоварени со минатото, Биковите ги очекува нова љубов

Еспресо

„Јас сум подобра пејачка од неа!“: Весна Змијанац брутално за односот со Лепа Брена!

Еспресо
Се вчитува....