Овен
Главна тема на овој ден се финансиите. Успешно ќе се договорите за некои долгови и ќе следат некои уплатувања. Ќе имате несогласување со партнер во врска со некои заеднички инвестиции. Еден од вас ќе мора да попушти. Време е да мислите повеќе на себе и на вашето здравје.
Бик
Меѓучовечките односи се влошени и тоа може да биде голем проблем за вас. Може да дојде до жестока расправија. Тензијата може да доведе до вербални конфликти меѓу вас и вашиот партнер. Внимателно бирајте ги зборовите. Можни се проблеми со дишните патишта, синусите и белите дробови, можни се настинки и грип, а исто така тежок период е и ако страдате од астма.
Близнаци
Очекувајте пречки и неуспеси во бизнисот. Бидете внимателни во ракувањето со парите и не влегувајте во ризични инвестиции. Планетите ве поддржуваат преку отворен разговор да надминете стар проблем во врска со партнерот. Во текот на оваа фаза, може да имате тенденција да се здебелите, па затоа е важно да водете сметка за вашата исхрана.
Рак
Оние кои соработуваат со странство може да очекуваат успех, но преговорите ќе бидат тешки и ќе бараат прилагодување. Несогласувањата можат да предизвикаат поголем конфликт помеѓу вас и вашиот партнер, а причината може да бидат ситници. Можни се проблеми со грлото, воспаленија и инфекции кои го зафаќаат грлото.
Лав
Реорганизацијата на бизнисот носи промени во начинот на работа, а можни се и нови обврски кои ќе ги извршувате во иднина. Партнерот може да исценира љубоморни сцени, а негативните коментари можат да бидат причина за кавга. Ве очекуваат главоболки, несвестици, низок крвен притисок. Неповолен период е ако имате мигрена.
Девица
Проблематичната комуникација на работа може да го обележи денот. Неопходно е компромисно решение. Се наоѓате на љубовна пресвртница. Оние што се незадоволни ќе донесат радикални решенија по системот „сè или ништо“. Генерално сте малаксани, ослабени, можни се и проблеми поради хроничен замор. Проверете ја крвната слика.
Вага
Манипулациите и сплетките на некои ваши колеги може непријатно да ве изненадат. По тој повод можни се вербални конфронтации. Внимание! Вашиот партнер сериозно ги сфати вашите коментари за неговото однесување. Нагласени се проблемите со нервниот систем, како и со циркулацијата, нозете, стапалата, зглобовите, но и со срцето.
Скорпија
Денот ќе го одбележи завршувањето на работата на проектот. Потребно е навреме да се подмират сите долгови, за да нема компликации. Запознавањето со личност во знакот Бик или Вага може да се претвори во сериозна врска. Може да бидете склони кон проблеми со ‘рбетот, забите, коските.
Стрелец
Посебен успех ве очекува доколку се занимавате со приватен бизнис. Проширување на кругот на соработници и отворање нова перспектива. Направете го првиот чекор кон личноста која долго време ви се допаѓа. На повидок е нов почеток. Имате проблем со честа вкочанетост, како и болки во грбот. Консултирајте се со физиотерапевт за ова.
Јарец
Од една страна доаѓа неочекувана добивка, но исто така ненадејно ќе имате и трошоци. Бидете внимателни! Пред вас е почеток на љубовна авантура со личност во знакот Рак. Бурен и возбудлив љубовен период. Во оваа фаза може да имате тенденција да се здебелите, па затоа треба да внимавате и на исхраната.
Водолија
Негативен набој на работа носи влошени меѓучовечки односи. Денот може да биде обележан со вербални дуели. Односот со партнерот поминува низ криза на доверба. Спорното прашање мора да се реши без одлагање. Генерално сте силни и енергични. Сепак, треба да поведете сметка за вашата склоност кон пороците.
Риби
Проблематична финансиска состојба се појавува поради доцнење на плаќањата. Подгответе резервен план! Запознавањето со личност во знакот на Девица или Рак ќе се претвори во нешто многу повеќе од она што сте го очекувале. На полето на здравјето можни се проблеми поврзани со шеќерот во крвта.