Овен
Можеби не сте задоволни со својата работа. Доаѓа период во кој ќе барате нови можности за промени на ова поле. Новата личност која ви се појави покажува необично однесување. Водете сметка за настинки и вируси.
Бик
Сѐ се одвива и подобро отколку што се надевавте. На деловно поле ви доаѓа многу поволен период. Време е да се соочите со проблемите во вашиот емотивен однос. Посветете се кон искрен разговор со партнерот. Проблеми со дишните патишта.
Близнаци
Потребно ви е време да ги остварите своите деловни цели. Прифатете го фактот дека не можете сѐ да промените преку ноќ. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате интересен флерт со нова личност. Слаба здравствена точка ви се синусите.
Рак
Гледате на нештата црно-бело, ќе морате да направите избор помеѓу повеќе опции. Обидете се да бидете повеќе флексибилни, разочарувањето и успехот ќе ве направат потолерантни кон другите, можеби со добра причина. Внимавајте на падови.
Лав
Прекинувањето на соработката на деловно поле за вас може да биде големо изненадување. Љубовната атмосфера се менува. Вашиот однос со саканата личност не е онаков каков што би требало да биде и тоа ве збунува. Проблеми со ‘рбетот.
Девица
Нема да бидете оптоварени со проблемите, ова е поволен период да успеете и да решите сѐ што ве мачи. Ново љубовно познанство ве очекува во опкружувањето во кое не сте барале љубов. Можни проблеми со крвната слика.
Вага
Падот на концентрација лошо влијае на вас. Ви доаѓа период кој ви носи проблеми на деловно поле. Проблемите во вашиот брак или вркса нема да се решат сами од себе. Потребно е да вложите малку повеќе енергија во вашиот однос со партнерот. Проверете го крвниот притисок.
Скорпија
Деловната стабилност ви е намалена и поради тоа не сте многу задоволни. Пред вас е неповолен период. Доколку сте слободни, може да очекувате љубовна врска која ќе ви донесе големи и силни емоции. Проблеми со уринарните патишта.
Стрелец
Ве очекува неповолен период за работа. Можно е да ви биде тешко да се концентрирате на обврските кои се пред вас. Комуникацијата со саканата личност ви е мошне нејасна. Избегнувајте цигари и алкохол.
Јарец
Не реагирајте во афект. Денеска сте склони кон деловни одлуки поради кои може да се покаете подоцна. Ќе ви се појави личност која лажно се претставува на љубовно поле. Можни се проблеми со тироидната жлезда.
Водолија
Можно е да направите деловни грешки кои подоцна на некој начин ќе ве прогонуваат. Партнерот се обидува да оствари подлабока комуникација со вас, но вие како да не сте заинтересирани за тоа. Ќе страдате од главоболки.
Риби
Делувате неспретно во деловното опкружување. Заборавате и честопати грешите. Некои работи мора да ги коригирате. Емотивно сте незадоволни и во наредниот период може да се одлучите за раскинување на врската. Проблеми со циркулацијата.