3.8 C
Скопје
21:41 - 20 декември, 2024

ХОРОСКОП: Откријте како сами да си го „читате“ хороскопот

Ајде, да почнеме од првиот чекор. Ако некогаш сте се чувствувале неповрзани со карактеристиките на вашиот „знак“, да ви објасниме зошто. Затоа што не сме сите Рипчиња, Лавчиња, Водолии, Девици…исти, и никогаш нема да бидеме. Затоа што во „кој знак си роден“ не значи баш многу. Затоа, кога ќе ги читате (релевантните) месечни, дневни или неделни хороскопи, не читајте го тоа што пишува за вашиот знак, туку за вашиот подзнак. 

Без оглед на тоа дали верувате во астрологија или не, има шанса да го поставите прашањето некогаш: „Во кој знак сте родени?”. Сепак, одговорот нема да ви ја даде „личната карта“ на човекот кого го прашувате. За да откриете повеќе за себе, или за луѓето кои се родени во еден знак, треба да погледнете уште (најмалку) во две нешта, за почеток. Во „подзнакот“ и во наталната Месечина. Кога ќе ги составите сите овие „ѕвезди“ заедно, ќе ви дадат поубава слика и многу поинаков портрет на една личност.

Во кој знак сте родени?

Тоа не кажува (баш) многу. Тоа е „знакот“ кој астролошки „ве определил“ во времето во кое сте биле родени и со тоа ве „сместил“ во одредена група на „речиси па, слични“, ама далеку од многу слични или исти. Сонцето тогаш било во вашиот „знак“ и секако, според астролошкиот речник, ќе си ги носите карактеристиките на тој знак. Ама, што е Сонцето? Тоа го претставува нашето его. Знакот во кој сме родени значи – како нашето его се поврзува и се справува со светот и предизвиците. Ако сме Рипчиња, на пример, ќе се справуваме со светот на уметнички начин, ако сме Овни – на воинствен начин, ако сме Бикови – ќе гледаме да го добиеме најдоброто за себе, и така натаму…

Каде ви е Месечината?

Додека Сонцето во знакот во кој сте родени ја покажува вашата „светла“ страна, Месечината ја претставува онаа потемната, ама далеку поемотивна страна на вашата личност. Наједноставно речено – Ако Сонцето (во знакот) сјае светло за „целиот свет да ве види“, тогаш Месечината е онаа која „фрла“ сенка на длабочината на вашата душа, што секако, е резервирана само за вас и за најблиските. Таа е – нашите емоции и нашите чувства. Затоа, многу поважно од „во кој знак си роден“ е прашањето – „Во кој знак е твојата (натална) Месечина?“.

„Месечината“ се нашите емоции. Честопати тоа се нашите чувства кои не можеме и не ги искажуваме со другите, па затоа, честопати, луѓето ќе се идентификуваат повеќе со својот „знак на Месечината“ отколку со Сончевиот знак – знакот во кои се родени.

Па, ако сакте да се „прочитате“ себеси или драгите до вас, погледнете во кој знак ви е/им е – Месечината.

Трето, ама не помалку важно – Асцедентот

Асцендентот, попознат како „подзнак“ (степен во наталното „тркалце“ кој го означува почетокот на првото поле) го диктира вашиот изглед, моден стил, карактеристиките на лицето и телото и на целата појавност. Покажува и како се однесувате со другите. На пример, имате асцедент во знаот на Вага, Сонце во Близнаци и Месечина во Стрелец. Тоа значи, не сакате конфликти (како што не сакаат родените во знакот на Вага), „од прва“ се справувате со ситуации како што се справува Стрелецот, а луѓето ретко забележуваат дека сте родени во знакот на Близнаци. Разбравте?

Или на пример, родена сум во знакот на Риба, ама луѓето во мене го гледаат Лавот (подзнакот), а најблиските ме „доживуваат“ како Вага, затоа што таму ми е наталната Месечина.

Накусо, нашата личност е составена од сите три енергии кои заедно не претставуваат.

Сфативте нешто за почеток? Ако сфативте, одиме понатаму, следната сабота со нашата мала „астро школа“ како сами да си го читате хороскопот.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....