5.8 C
Скопје
08:26 - 15 март, 2026

Главни среќници во 2024 година: На четири хороскопски знаци сè ќе им оди од рака

Астролозите ги именуваа главните среќници за 2024 година меѓу хороскопските знаци.

Кои знаци на Зодијакот ќе имаат повеќе среќа од другите, прочитајте во продолжение.

Бик

За Биковите следната година ќе биде обележана со личен раст, особено во првата половина од годината ќе се засилат амбициите.

Луѓето кои се веќе вработени, особено оние кои се на позиција, можат да постигнат големи работи. На сите деловни Бикови загарантирано им е одличното расположение, оптимизам и успешна кариера.

Во периодот од јануари до мај, Биковите ќе го имаат својот најубав период. Трансакциите за купување или продавање недвижен имот ќе бидат успешни. Напролет можат да напредуваат во кариерата и да добијат покачување на платата. Главната работа е да се преземе иницијатива. Сепак, на есен подобро е да не ризикуваат, и да не носат избрзани одлуки.

Близнаци

Ова ќе биде најсреќниот хороскопски знак во 2024 година. Следната година ќе биде динамична и разновидна за нив. Сатурн ќе биде во нивната куќа на кариерата, што значи дека во првата половина од годината ќе се соочат со тешки ситуации, но од јуни натаму се ќе се промени. Комбинацијата на планети им ветува многу среќна втора половина од годината, кога ќе се појават бројни нови можности.

Летниот период ќе им даде дополнителна енергија, нови контакти, решенија за работните прашања и многу активност. Тие исто така можат да ја зголемат својата компетентност во важни деловни кругови. Покрај тоа, Близнаците можат да најдат нови извори на профит, па материјалната ситуација ќе им биде одлична.

Подобро е периодот од септември до крајот на годината да се посвети на реализација на долгорочни проекти. Најголемите планови може да се реализираат со леснотија и голема успешност.

Вага

Соработка, хармонија во семејните односи, парични трансакции, инвестирање во долгорочни проекти, наоѓање спонзори за стартапи…2024 година ќе биде особено усшешна на деловен и финансиски план за Вагите. Поволни ќе бидат голем број на деловни познанства. Симболот на годината за Вагите е партнерството.

Но Вагите ќе имаат среќа и во личниот живот. Оние кои се сами ќе си најдат партнер/ка кој ќе им одговара и со кого ќе изградат стабилна врска, а Вагите кои се веќе во врска можат да се венчаат.

Водолија

За Водолиите 2024 година ќе биде година на семејна благосостојба и зајакнување на односите со најблиските.

Благодарение на големата поддршка на планетата на среќата Јупитер, Водолиите ќе остварат успешно купување или продажба на недвижен имот, вклучително и во странство.

Првите месеци од годината се идеални за решавање на лични прашања, напролет ќе бидат успешни интеракциите и љубовните врски, преговорите, склучувањето договори и купувањето автомобил. Од јули до октомври треба да посветите време на одмор, деца, но и на проширување на семејството (големи се шансите жените Водолии да останат бремени).

Правните прашања исто така ќе бидат успешни, но внимавајте на ситните букви на документите бидејќи понекогаш сте многу лековерни и може да станете жртва на измамници.

 

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....