1.8 C
Скопје
13:21 - 20 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 ОКТОМВРИ: Се чувствувате подготвени за нешто ново

дневен хороскоп

Овен

Ја изгубивте довербата во еден од соработниците. Иако знаете да бидете еластични и толерантни кога навистина сакате, сега некако сте го достигнале лимитот на трпеливост. Растојанието помеѓу вас и партнерот ви е доста тешко, но вие сте свесни дека сега сè зависи од него.

Бик

Ако сте сингл, може да очекувате интересна љубовна средба во вечерните часови. Оние што се во врска, ќе немаат добра комуникација со саканата личност и постојано ќе се прашуваат каде грешат. Соработниците ви создаваат тензија и имате впечаток дека нема да постигнете многу со тимска работа во овој период.

Близнаци

Ве чека неповолен ден кога станува збор за работа. Секоја промена сега може да ви донесе ризик. Барате личност што би можела да ви одговара на полето на љубовта. Се чувствувате подготвени за нешто ново. Ако сте во емотивна врска, можно е да имате проблеми со партнерот поради недоверба.

Рак

Обидете се да стапите во контакт со некој што ви се допаѓа. Дајте сѐ од себе да не бидете монотони ако сте во врска. Направете нешто убаво за вашиот партнер. На деловно поле, размислете дали би можеле да научите нешто ново и да го подобрите вашиот бизнис. Не позајмувајте пари на другите.

Лав

Финансиите кои ги очекувавте ќе ги добиете денес. Незадоволни сте бидејќи е намален обемот на работа, размислете за нова стратегија. Не се повлекувајте во себе, партнерот ќе го сфати тоа како да се оддалечувате од него. Од друга страна, полни сте со планови и визии, а партнерот со задоволство ќе учествува во нив.

Девица

Како да дошол последниот час да ги ставите работите на свое место. Пред вас е непријатен разговор што може да ескалира во отворен конфликт. Ако сакате да избегнете евентуален прекин на емотивната врска, предадете се и чувајте го вашето мислење за себе. Реализацијата на некои преговори ќе се одложи.

Вага

Денес мала прилика ќе биде доволна за да го расчистите целиот неред со потег што ќе биде неразбирлив за многумина околу вас. Пред да го направите тоа повторно, преиспитајте што е поважно за вас, сопствената гордост и суета или крајната цел. Компликации на вашата финансиска состојба.

Скорпија

Ќе го започнете денот полни со енергија. Вашата трудољубивост и дисциплина мора да бидат на завидно ниво за да ги исполните очекувањата на вашите претпоставени. Подготвени сте да се жртвувате за некого, но во длабочината на душата чувствувате дека сето тоа е понижувачки за вас.

Стрелец

Игнорирањето на некои луѓе од вашата околина не е злонамерно. Во врска со работата реагирате премногу брзо, нешто што сте сакале да го премолчите може да излезе од вашата контрола. Ако криете нешто од саканата личност бидете свесни дека многу лесно може да го открие тоа.

Јарец

Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако ќе се „скршите“ и ќе се надминете себеси и вашата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има преземањето одговорност. На овој начин, давате слобода, и на себе и на вашиот партнер. Го избравте вистинскиот момент.

Водолија

Имате потреба да го подобрите љубовниот живот, затоа што знаете дека само сте се залажувале со чувството на безбедност од изминатиот период. Пред вас е добар период за инвестиции. Не надевајте се дека прекинувањето на контактите со некои личности нема да доведе до прекин на односи од кои имате потреба.

Риби

Ова не е време за носење големи финансиски одлуки, a на работното место ќе бидете поборбени и поубедливи од вообичаеното. Време е за менување на оние навики што отсекогаш ве иритираа, но тврдевте дека не можете да ги промените. Не само што можете, туку и сѐ ќе правите со леснотија. Бидете поамбициозни.

Слични објави

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо
Се вчитува....