35.4 C
Скопје
16:57 - 27 јуни, 2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 ОКТОМВРИ: Убави работи ќе ви се случуваат

дневен хороскоп

Овен

На секој начин се обидувате да го направите љубоморен партнерот. Размислете дали е паметно. Ќе се трудите да ги убедите соработниците за тоа што ви одговара. Не заборавајте да работите со луѓе кои имаат многу повеќе искуство. Сакате да се посветите на еден проект, но сѐ уште не сте на чисто со соработниците.

Бик

Ќе имате многу обврски и концентрацијата нема да ви биде на ниво. Очекувајте повик од личност што не сте ја виделе долго време. Некој мисли интензивно на вас, па очекувајте тоа отворено да ви го каже. Посесивни сте за луѓето што ги сакате, па ќе му наметнувате работи на партнерот само за да бидете емотивно безбедни.

Близнаци

Минатото упорно ве прогонува, но и вие самите си отежнувате. Не сакате да погледнете во иднината. Почнете да се подготвувате за големи промени и да го поминувате времето во планови за иднината. Ненадејната добивка ќе ги олесни вашите планови. Ќе се вратите во емотивната ситуација во која се наоѓавте пред неколку недели.

Рак

Денес ќе биде многу важно како ќе се снајдете во одредена ситуација на работното место. Од вас се очекува максимална посветеност и концентрација. Треба да обрнете поголемо внимание на саканата личност. Можеби не сте забележале, но таа се чувствува да е во втор план, и покрај вашата присутност.

Лав

Задоволни сте како се одвива ситуацијата на работа и јасно ви е дека заслужувате посебно признание. Убави работи ќе ви се случуваат. Позитивни настани ќе ве следат и на љубовниот план, особено ако сте слободни. Можно е да запознаете личност и таа средба неочекувано ќе се претвори во љубов.

Девица

Ќе се најдете во ситуација да не можете да го решите проблемот, но потпрете се на личноста која е ваш близок соработник и резултатот ќе биде позитивен. Убедете ја саканата личност дека е време врската да ја качите на повисоко ниво. Или да почнете да живеете заедно или да ја официјализирате со брак.

Вага

Ги врзувате деловните интереси со нечие ветување и затоа ја одбивате идејата што ја поддржуваат вашите соработници. Наместо да преземате непотребни ризици, контактирајте ја вистинската личност. Нема потреба премногу да се занесувате од нечии комплименти или да верувате во среќа што доаѓа одеднаш.

Скорпија

Ве вознемирува финансиската состојба, но потребно е да останете концентрирани на сопствените цели. Влегувате во монотон период, а тоа вам многу ви пречи. Не е вистинскиот момент за да се преземат големи чекори. Оставете ги важните разговори за друг ден. Трудете се да го поминете времето со саканата личност.

Стрелец

Нема да има големи промени и значителни случувања на деловен план. Сè се одвива како што сте навикнале. Сега е вистинското време да се обидете да остварите контакт со личност која ви се допаѓа веќе подолго време. Ако сега задоцните – сте задоцниле засекогаш… Затоа, дејствувајте молскавично!

Јарец

Најважно е вашите идеи да им се допаднат на оние кои одлучуваат за вашето напредување. Потрудете се да ги исполните нивните барања. Нема да бидете посебно расположени за разговор, а партнерот по којзнае кој пат ќе ги има истите поплаки за вашето однесување. Несакајќи ќе се доведете во непријатна ситуација.

Водолија

Ќе ви биде од голема корист да се консултирате со постарите колеги за сè што не ви е јасно. Немојте да се двоумите, бидејќи во спротивно може да ја комплицирате ситуацијата. Саканата личност е расположена за излегување и дружење и не би било лошо да ја прифатите нејзината понуда. Ќе добите специјален подарок.

Риби

Ова е поволен момент за склучување и потпишување на некои договори, а можете да очекувате и некој прилив на пари што долго време ги чекавте. Свесни сте за тоа колку внимание привлекувате кон себе, меѓутоа, не сте подготвени за некои посериозни емотивни промени, па сега засега задоволни сте со безопасно флертување.

Слични објави

(Фото) Бојан Илиевски се врати во Скопје – ја прославил победата во Ѕвездите на Гранд со сладолед, а добил честитки и од Елиф Елмаз

Т.Ц.

Идеално освежување за жешките денови – домашен леден чај кој можете да си го прилагодите според вкусот

Т.Ц.

(Фото) Сите девојки го обожаваат: Маја Шупут го носи најпосакуваниот костим за капење

Еспресо

Ве нервираат жолтите дамки на перниците? Еве како наједноставно да им ја вратите белината

Т.Ц.

Водителката на „Никогаш не е доцна“ ги оперирала бутовите, на 40 години се подложила на естетска операција

Еспресо

Пајак емотивно за родителите: „Да не биде доцна, не дај Боже – да си ги почитувате и да им се јавувате“

Еспресо
Се вчитува....