5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

Бу, полна Месечина во Близнаци, што значи тоа и како да го искористиме најдоброто од неа?

Во четврток, 8 декември 2022 година, во многу раните утрински часови ќевидиме полна Месечина, астролошки во знакот Близнаци, која ќе биде уште помоќна од вообичаеното. Но, ајде да се средиме и собереме: лунарната фаза на полна Месечина сама по себе е експлозија на инстинкти, емоции и желби. Месечината, симбол на емоционалното несвесно, е осветлена, силна и очигледна. Полната Месечина во Близнаци, хороскопски знак поврзан со адолесцентниот архетип, е витална, жива, енергична, љубопитна и пред се – многу инстинктивна. Односно, блазе си ни.

Потребата да се каже гласно се што ќе слушнеме ќе биде огромна и нема да поднесеме да не бидеме слушнати.

Одржувањето на смиреност, емоционална рамнотежа, дипломатија во нашите ставови – тоа ќе биде многу тешко. Во принцип, исто така ќе ви биде тешко да седите повеќе од еден час на вашето биро. Ама, оправдано…

Ова е вистинскиот ден да ги започнеме оние проекти кои долго време ги одложуваме од страв да не раскинеме со она што го имаме до сега.

Но, ајде да ја искористиме до максимум оваа енергија!

Тоа ќе биде вистинскиот ден „црно на бело“ да ги запишеме нашите желби и цели или да започнеме нов спорт, нова авантура во сите животни сфери.

Оваа полна Месечина е позната и како студена полна Месечина или „полна Месечина со долги ноќи“, имајќи предвид дека се наоѓаме во период од годината во кој, на нашата хемисфера, часовите на темнината далеку ги надминуваат оние на светлината.

Полната Месечина во Близнаци на 8 декември 2022 година ќе ни донес уште стрес, повеќе од вообичаено. Всушност, Месечината ќе биде во спој со Марс, кој е во Близнаци веќе неколку недели. Така, Марс го прави инстинктот на Месечината уште побрз и порешителен, речиси агресивен, а Сонцето во опозиција е подготвено да изникне при најмала провокација. Затоа, да очекуваме кавги, иако во овој случај ќе бидат потребни и појаснувања.

Продолжува утре – како поединечно ќе влијае на секој хороскопски знак.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....