1.8 C
Скопје
22:41 - 21 јануари, 2025

Бела низа денови: На четири хороскопски знаци сè ќе им оди од рака оваа недела

Астролозите именуваа четири знаци од Зодијакот кои во текот на следната недела, во периодот од 13 до 19 ноември ќе имаат особено среќа – некои во финансиите, а некои во љубовта.

Кои се на астро листата, прочитајте во продолжение.

Стрелец

Стрелците конечно ќе бидат задоволни во финансиската сфера. По низата „црни денови“ во однос на паричникот, сега ќе имате шанса да го достигнете сонот – за некои тоа ќе значи искачување на скалилата во кариерата (а со тоа ќе добиете и зголемување на платата), а за други – промена на работното место кое толку долго го очекувате. Ако чекате повик од странство, оваа седмица конечно ќе пристигне. Прашање е само колку сте подготвени да жртвувате од своето слободно време?

Вага

Оваа недела се ќе ви оди од рака, за вас започнува радосна низа на „бели денови“. Но што би правеле без љубов? Затоа астролозите ве советуваат да се откажете од амбициозните планови на работното место и да се фокусирате на романтиката. „Сингл“ Вагите дефинитивно ќе имаат предизвици во избор на нов партнер/ка, зашто ќе зрачат со чудесен магнетизам кој го привлекува спротивниот пол. Накратко, романси ќе има за избирање! Прашајте се дали сте подготвени за сериозна врска, зашто некој тоа го очекува од вас. „Зафатените“ Ваги ќе уживаат во романтични мигови со партнерот/ката, оживувајќи ја страста во врската.

Лав

Еротика? Може. Лавовите конечно ќе го добијат заслуженото внимание од оној/онаа на кого/која целеа во изминатите неколку месеци. Тоа важи за Лавовите кои се уште се сингл. Има такви?! Останатите нека внимаваат. Неделата им носи нови личности во животот кои ќе бидат, за жал или за среќа, фатално привлечни. Дотолку што можат да се урнисаат старите врски…

Јарец

Можеби доста ви е од напорна работа, но вие продолжувате сепак понатаму. Овојпат со многу повеќе пари во рацете. За вас следува вистинска бела низа на денови во однос на финансиите и затоа, подобро е да се запрашате до каде сте со љубовниот живот? Секако, парите ќе протечат од веќе сработеното, но би било добро ако добиената сума ја потрошите на романтика.

Неделен хороскоп (13 до 19 ноември): Неочекувани настани за Близнаците, добра вест за Лавовите, многу љубов за Вагите…

Слични објави

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо

Весна Ѓогани проговори за односот со ќерките на Ѓоле од првиот брак: Секогаш испаѓам зла маќеа

Еспресо

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

Еспресо

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо
Се вчитува....