10:55 - 3 април, 2026

Астро прогноза за среда, 24 август

Oвен

Вие наивно верувате во нечија приказна и не ги проверувате новите информации што влијаат на деловните резултати. Сепак, загубата со која се соочувате не е од особено значење. Тешко е да се справите со вашите емоционални слабости и ви треба објективност во размислувањето. Анализирајте ја внимателно личноста што ви се допаѓа.

Бик

Размислувате за тоа да ставите точка на одредена деловна соработка која не ви се покажала како доволно корисна. Сметате дека вашиот партнер е тврдоглав и не ви е лесно да излезете на крај со него. Во последно време, често влегувате во расправии. Никој од вас не сака да попушти, дури и кога станува збор за ситница.

Близнаци

Нема излез, мора да направите чекор назад и да размислите за работите. Полни сте со идеи, но оставете го тоа за друг ден. Пријателствата ви се поважни од љубовта. Со партнерот мора да ја вратите некогашната топлина. Ако сте соло, повторно се враќате назад во минатото и посакувате средба со една личност.

Рак

Денес никој нема да остане имун на вашата заразна насмевка и на сексапилниот глас. Ќе умеете да го омекнете дури и срцето од камен, па ова е ден кога ќе ширите заразна смеа околу себе. Одете на колку што е можно повеќе места. Ќе поседувате доволно сексапил за да ја разгорите фантазијата и страста кај многумина.

Лав

На професионално поле, важно е да бидете подготвени да прифатите одредени ограничувања кои моментално постојат кај вас. На емотивно поле, потребно е повеќе да се трудите за да можете да го стабилизирате односот со саканата личност. Иако генерално добро се чувствувате, имате некое непријатно претчувство.

Девица

Изборите кои ги правите денес ќе бидат поважни од кога било. Учете од искуствата и проценете колку енергија ви е потребна за која активност. Начинот на размислување ве прави храбри и воопшто не помислувате на неуспех. Работите во врската конечно ви се стабилизираат. Не се обврзувајте пребрзо, уживајте во заведувањето.

Вага

Не сте добро организирани, а идеите што ги имате никако не можете да ги спроведете во дело. Побарајте помош од близок соработник. На многу лесен начин можете да остварите комуникација со личност што ви се допаѓа веќе извесно време. Не пропуштајте ја можноста за разговор. Слободно споделувајте емоции.

Скорпија

Кого се обидувате да импресионирате? Денес ќе бидете кралица на стилот и секој детаљ ќе ви биде внимателно избран, а сето тоа ќе биде со романтична цел. Вашата мисија ќе биде успешна, а во тоа ќе се уверите и самите. Ако сте во врска, партнерот нема да може да ги оддели очите од вас. Желбите ќе ви се остварат.

Стрелец

Tреба да направите добар избор, но има ненадејни ситуации кои го отежнуваат деловното расудување. Обрнете внимание на нечија реакција. На емотивно поле, имате големи очекувања, меѓутоа, партнерот честопати ги маскира своите намери. Задоволство е кога правите нешто во име на заедничка радост и среќа.

Јарец

Денес е можно кратко патување кое ќе ви донесе ново незаборавно искуство. Во последно време многу се социјализирате и полни сте со елан за дружење со луѓе слични на вас. Очекувајте љубовни откритија кои комплетно ќе ве воодушеват. Живејте во мигот и не размислувајте за признанијата што треба да ги направите наскоро.

Водолија

Очекувајте шанса да се вработите. Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни со работните околности. На емотивно поле, активни сте на полето флерт и уживате во вниманието што го добивате. Мора да бидете поотворени и појасни ако сакате да промените одредени околности. Не потпирајте се на нечие ветување.

Риби

Можно е во текот на денешниот ден да бидете загрижени за нешта поврзани со работата и нема да ви биде лесно да ги решите проблемите. Повлечени сте во себе и не можете да го остварите сето она што го сакате во комуникацијата со саканата личност. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со бубрезите.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....