8.8 C
Скопје
16:27 - 27 октомври, 2026

(Фото) Серена Вилијамс објави фотографија со Меган Маркл: „Уживав да разговарам за важни теми со мојата пријателка“

Тенисерката Серена Вилијамс на Инстаграм објави фотографија со ќерката Олимпија и нејзината блиска пријателка Меган Маркл.

Првата епизода од подкастот „Archetypes“ на Маркл за Spotify беше објавена еден ден претходно, а спортисtkata беше гостинka.

„Уживав да разговарам за толку многу важни теми со мојата драга пријателка Меган како нејзина прва гостинка. Епизодата е веќе излезена и вреди да се слушне, особено ако сте амбициозни“,
напиша таа под објавата.

Во првата епизода од подкастот, Маркл и Вилијамс зборуваа за двојни стандарди и „неразбирање на женската амбиција“.

Како што забележа Меган, во општеството, амбициозните жени се доживуваат сосема поинаку од мажите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Како пример за правилна амбиција ја наведе самата Серена, која родена во сиромашно семејство успеала да постигне успех со работа и упорност. Претходно, спортистката најави пензионирање.

Меган Маркл додаде дека амбициозноста ѝ станала проблем по бракот со принцот Хари.

„Тоа одеднаш стана нешто страшно за мене. Се соочив со мислењето дека жената не треба да биде амбициозна и почувствував многу негативност“ – признала таа.
Поради ова, Меган Маркл често се соочуваше со критики од јавноста: однесувањето на војвотката им изгледаше премногу пркосно на луѓето.

Меган Маркл и принцот Хари потпишаа договор за редовно објавување на подкасти со Spotify пред две години, но парот објави само една епизода, што предизвика критики од платформата: Меган и Хари беа обвинети за прекршување на условите од договорот.

Меган Маркл ја објави првата епизода од нејзиниот нов подкаст на Спотифај: Гостинка ѝ е Серена Вилијамс

Слични објави

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо
Се вчитува....