7.8 C
Скопје
07:32 - 20 април, 2024

Астро прогноза за сабота, 2 јули

Овен

Вашиот партнер точно знае што сака. Блиска личност не дозволува да користите изговори за да ги одложите заедничките планови. Не треба да се грижите за нечии коментари и пропуштени можности. Важно е да усвоите нова лекција за деловното однесување. Планирајте да ја поминете вечерта на забавен начин, опуштете се.

Бик

Имате впечаток дека ситуацијата на работа не е добра и поради тоа сте незадоволни. Потребни ви се мали промени. Не можете повеќе да го издржите притисокот на работа. Покажете малку флексибилност. Претераната посесивност може да ве оддалечи од партнерот. Чувствувате некој чуден внатрешен немир.

Близнаци

Во последно време, главоболка ви задаваат финансиите. Не играјте на картата на среќа, потпрете се само на себе. Успехот ве очекува само ако работите напорно и ако се откажете од привилегиите во кои уживавте. Тоа и нема да ви претставува голем проблем, особено ако се стремите кон повисоки цели.

Рак

Се чувствувате непријатно. Партнерот нема доволно слух за вашите објаснувања и изговори, а вам ви недостасува трпение. Се обидувате да ги реализирате вашите деловни планови, но има ненадејни проблеми кои ви го забавуваат темпото на работа. Затоа, пак, вечерта е резервирана за прекрасни моменти во кругот на блиски пријатели.

Лав

Не очекувајте премногу разбирање од личност која има различни емотивни афинитети и потреби. Избегнувајте го ризикот на кој ве убедуваат соработниците или една помлада личност. Најдобро е да прифатите работи и правила кои добро ги знаете. Обрнете внимание на поведрите содржини кои позитивно влијаат на вашето расположение.

Девица

Денес во претстои специфично расположение и чувство дека некои ситуации се при крај. Немојте да бидете изненадени ако деловниот сегмент е забрзан и хаотичен, но и со големи можности да ви донесе сосема неочекувани, позитивни настани. Ќе имате важна средба со странци или со луѓе кои ќе ви помогнат за иднина.

Вага

Денес може да очекувате кулминација во некои соработки и премин на друго ниво… или ваше заминување на сосема друга страна. Некои шанси во текот на овој ден можат сосема неочекувано да се отворат и на работа и во емотивниот дел. Расположението ќе ви варира. Мора да бидете посмирени, особено во средината на денот.

Скорпија

Емотивна раздразнетост ви претстои во текот на целиот ден. Партнерот не сака да ги трпи вашите хирови, повремени нерасположенија… Иако некои проблеми ви се надвиснале над глава, сепак, не треба поради тоа да страда вашиот емотивен однос со партнерот. На крајот, може да му дојде преку глава вашето нерасположение и да ви го сврти грбот.

Стрелец

Верувате во себе и во вашата внатрешна сила и проникливост. Кажете му што мислите на партнерот. Емотивно сакате да бидете во сериозна врска, доколку сте сами и слободни. И не дозволувајте други да управуваат со вашите емоции.

Јарец

Очекувате финансиска помош. Самиот почеток на месецот за вас ќе биде успешен на деловен план. Обрнете внимание на промените на расположението, бидејќи на заводник, каков што сте вие, не му прилега такво нешто. Избегнувајте ги пороците во секој облик. Лесно можете да се навикнете на некој од нив.

Водолија

Денес може да имате повеќе среќа од претходните денови. Можно е да немате толку обврски, па покрај се, можете и малку да се опуштите. Лелеави сте, расположени и вашата енергија зрачи привлекувајќи луѓе од спротивниот пол. Денот е многу добар за флерт, познанства… Доколку сте во врска ќе уживате во нежностите со партнерот.

Риби

Имате огромна професионална сила. Треба да го искористите ова што е можно побрзо. Ништо не оставајте на случајноста. Вашата конкуренција ќе се појави ненадејно, најмалку кога очекувате. Партнерот мисли дека не сте доволно нежни и посветени на домот и на заедничката љубов. Чувствителни ви се белите дробови.

Слични објави

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

Големата парада на планетите до крајот на април: Што да очекуваат хороскопските знаци? 

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо
Се вчитува....