6.8 C
Скопје
20:43 - 12 март, 2026

Астро прогноза за 23 јули, сабота

ОВЕН – Сабота е, можеби сте планирале илјада поситни работи што треба да ги направите, но одеднаш ќе појави голема, важна работа на која ќе мора да ѝ дадете предност. Во вечерните часови ќе имате причина за славење.

БИК– Ви треба одмор и тишина, имате потреба да се наспиете до доцна наутро. Ако имате семејство ќе биде тешко да успеете сосема да се релаксирате, повторно растргнати меѓу обврските и работите што треба да ги направите. Ова е ангажиран ден за Вас и нема да имате време за излежување онолку колку што сакате. Во вечерните часови ќе почувствувате потреба за поинтензивна љубов.

БЛИЗНАЦИ– Слушањето и разговорот се секогаш подобра солуција од трескањето на вратата и заминување на одредено време. Ова ќе биде ден на жестоки дискусии и недостаток на разбирање. Во текот на вечерта спокојството полека ќе ви се враќа.

РАК – Колку и да не ви се излегува денес од дома, некој би можел да ве натера да прошетате. Би можеле на таа прошетка, на пример низ некои од трговските центри, неочекувано да сретнете некого од минатото. И одеднаш, далечното минато повторно ќе се претвори во актуелна тема која ви е важна.

ЛАВ – Што би правеле денес Лавовите без своите најблиски, сакани, пријатели и роднини? Денес ќе се обидете да видите што повеќе блиски луѓе и да слушнете од нив колку што е можно повеќе. Вие не сте родени да бидете сами!

ДЕВИЦА–Можеби веќе патувате некаде за да се оддалечите од гужвите и проблемите барем на еден ден и да си направите ден сосема поразличен од вообичаените. Или можеби, не сте планирале ништо, но ќе се разбудите со голема желба да го промените воздухот.

ВАГА – Сабота е и конечно може да ги намалите темпото и тензиите и да се релаксирате. Одлична терапија би бил попладневниот шопинг. Излезете на шопинг во поглемите трговски центри, па макар и да си купите само една марама. Јупитер вели дека во воздухот мириса на нова „пролет“ за Вас иако е среде лето. Нови интересни средби очекувајте вечерва.

ШКОРПИЈА –Сабота помината во домашно уживање и апсолутна релаксација. Конечно ќе бидете во можност да го „исклучите мозокот“ и да се смирите. Внимавајте на настинските.

СТРЕЛЕЦ – Сабота за опуштање? Тоа е апсолутно невозможно за вас, па и денес ќе бидете презафатени со илјада работи. Дури вечерта ќе може да здивнете, сами или во друштво, со чаша вино.

ЈАРЕЦ – Можеби не по ваш избор, туку по избор на вашето преморено тело, оваа сабота ќе забавите со темпото и малку ќе си дадете одмор. Ви треба топла купка, зашто цел ден ќе се чувствувате уморни од интензивната недела.

ВОДОЛИЈА – Марс ќе ве прави нервозни, дури и денес, во сабота. Ако имате партнер, што било да кажете или да направите денес, може да донесе до кавга, па затоа поминете го денот повеќе во молчење. Силните тензии ќе се повлечат во доцните вечерни часови.

РИБА – Ќе почувствувате потреба да промените нешто, да дејствувате, да експериментирате, да се преиспитате. Денес ќе бидете мирни и опуштени, но умот ќе ви биде во постојано планирање и движење.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....