3.8 C
Скопје
18:55 - 18 декември, 2024

Астро прогноза за сабота, 21 јануари

ОВЕН

Престанете да изигрувате жртва, туку преземете ја ситуацијата во ваши раце. Не дозволувајте никој да ви го крои животот, па потоа да кукате. Никој не сака „кукавици“ околу себе. Затоа, насмевнете се уште веднаш.

БИК

Сакате промени, целата здодевна ситуација во која сте подолго време заглавени веќе ве задушува. Денес е суперсреќен ден да донесете одлука за голема промена во вашиот живот. Нова работа? Прекинување на врска? Заминување во странство? Ѕвездите се на ваша страна.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да бидете предмет на потсмев денес, но тоа ќе биде исклучиво поради вашето вештачко и лажно однесување. Затоа „отрезнете“ се навреме, белите лаги не се секогаш корисни.

РАК

Ако го игнорирате саканиот и неговите совети, може да наидете на проблеми за кои подоцна ќе молите за помош. Ѕвездите велат дека на 21 јануари треба да бидете помеки и потопли со блиските околу вас.

ЛАВ

Одморете со работа, навистина премногу сте внесени во нешто што не вреди толку. А, можеби и воопшто не вреди. Подобро е да се јавите на пријателите кои едвај ве чекаат за разговор и секако, дозволете си малку забава.

ДЕВИЦА

Ако барате партнер, не седете дома на овој ден, не одбивајте да комуницирате и не обидувајте се да се прикажете како некој што не сте. На 21 јануари може да запознаете навистина посебна личност!

ВАГА

На овој ден можеби ќе треба да се расправате со партнерот, да му докажете нешто, да го убедите во нешто. Ѕвездите советуваат однапред да се обезбедите со дебели факти. Во спротивно, можете да изгубите во оваа „битка“.

СКОРПИЈА

На 21 јануари избегнувајте билокакви понуди од непознати од спротивниот пол, колку и да ви изгледаат привлечни. Ѕвездите велат дека вашата будалаштина може скапо да ве кошта.

СТРЛЕЦ

Доколку партнерот реши активно да ја помине оваа сабота, и тоа без вас, немојте да се лутите. Секоја кавга на оваа тема ќе направи да не изгледате добро во неговите/нејзините очи.

ЈАРЕЦ

Ѕвездите велат дека на 21 јануари е подобро да одбиете некој предлог отколку да дадете ветување кое очигледно е невозможно да го исполните. Во спротивно, сами ќе почнете да пукате по шавовите.

ВОДОЛИЈА

На овој ден ќе мора да ја ставите љубовта кон партнерот на едната страна од вагата, а принципите на другата. Ѕвездите се надеваат дека втората ќе биде полесна.

РИБИ

На 21 јануари ќе мора да читате меѓу редови, велат ѕвездите. Точно, само ако сакате вашата врска со избраниот да се развива хармонично. Никој не сака баш толку многу драма во животот, како што знаете вие да внесете во туѓ живот.

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....