2.8 C
Скопје
13:07 - 17 декември, 2025

Сите очекуваат AББА да се појави на Евровизија – еве што одговорија Бени и Бјорн

Бени Андерсон и Бјорн Улваеус ја отфрлија можноста за повторно обединување на членовите на ABBA на Евросонгот во нивната родна Шведска следната година, кога ќе биде одбележана 50-годишнината од победата на оваа популарна музичка група на ова натпреварување со песната „Ватерло“ (Waterloo).

Во интервјуто за британски BBC Newsnight , двајцата ја отфрлија можноста да се појават на сцената со колешките и поранешни партнерки Агнета Фалтскоф и Ани-Фрид Лингсад по повод споменатиот настан.

Швеѓанката Лорин победи на годинешната Евровизија во Ливерпул што значи дека нејзината земја ќе биде домаќин на натпреварувањето следната година.

„Не сакам и ако јас не сакам, тие нема да одат. Истото е за сите нас четворица – некој вели „не“, тоа е не“, рече Андерсон.

„Можеме да прославиме 50 години на ABBA без нас на сцената“, додаде Улваеус.

Основана во 1972 година, ABBA стекна армија обожаватели во светот по триумфот на Евросонгот во 1974 година и со своите вонвременски хитови како „Dancing Queen“ и „Fernando“

Четворката, којашто се разиде на почетокот од 1980-те, продаде околу 385 милиони плочи.

 

Слични објави

(Фото) Едвај ги задржа градите: Едита Арадиновиќ провокативно позираше во бунда и крзнен костим за капење

Еспресо

(Видео) Колкаво срце имал Андреј од „ДНК“, раскажа неговата сопруга Наталија

Еспресо

Љубовта на Неда Украден кон угледниот лекар веќе не е тајна: Наеднаш сè „пукнало, па судбината повторно ги спои!

К.С.

„Швалерајот“ ги раздели моите, со татко ми бев скарана и по две години го видов мртов: Исповед на Ивана Кнез

Еспресо

Јована Јеремиќ откри колку пари заработува за само еден час: „Плаќам жена да ми исчисти, не сакам да си го губам времето“

Еспресо

(Видео) „Една година не излегов од дома“: Јулија проговори за загубата на ќерката

Еспресо
Се вчитува....