13:37 - 19 декември, 2025

Почина кралот на ромската музика, виртуозот Ферус Мустафов: Лесна ти земја, мајсторе!

Си замина кралот на ромската музика Ферус Мустафов. Музичарот доживеа мозочен удар на 26 април, по што беше хоспитализиран во болницата „8 септември“ каде ноќеска почина по кусо боледување. Имаше 72 години.

Веста за неговата смрт рано утрово ја објавија и членовите на неговото семејство. Ферус Мустафов извесен краток период во болница се бореше за живот, а здравјето му беше многу влошено.

Пријателите, колегите и фамилијата почнаа да се простуваат од него на социјалните мрежи. Погребот ќе биде во Штип каде што е роден.

Мустафов е роден на 20 декември 1950 година и потекнува од ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане музичар.

Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик на РТСкопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски .

Настапуваше во голем број земји низ светот. Зад себе остави десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Слични објави

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

msp-admin

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо

„Доживеа инфаркт и ми падна во раце“: Ова е најголемата трагедија во животот на Емина Јаховиќ

Еспресо

Не биле блиски: Викторија Лоба проговори за татко ѝ во Русија

msp-admin
Се вчитува....