21:17 - 13 ноември, 2026

(Видео) Вака печалел Тони Михајловски кога немало пари од глумата

тони михајловски

Во еден период кога не заработувал од глумата, Тони Михајловски печалел на друг начин, со друга професија.

Во подкастот на Стефан Лазаров во кој гостуваше со Игор Џамбазов, актерот рече дека негова неостварена желба е да биде музичар.

-Јас и сега сакам да бидам музичар, ама тоа е пуста желба. Јас две и пол години живеев од караоке, со „Скандал састав“, јас со бенд во живо во дискотека- рече Тони кој претходно има раскажано дека кога актерите имале мали плати, тој живеел од караоке.

-Тој е човек што најмногу напредувал музички. Тој на 25-6 години научи гитара да свири, научи да пее во тоналитет- се надоврза Игор Џамбазов.

-И тоа ти велам, живеев две и пол години од тоа, музиката. Текстови успеав да напишам, на пример „За нас“ е мој текст, „Да си тука вечерва“ исто е мој текст-рече Тони Михајловски за хитовите на „Нокаут“.

Потоа, Михајловски ја зема гитарата и заедно со Џамбазов испеа еден од најголемиѕте хитови на „Рибља Чорба“, „Равнодушан према плачу“, и тоа многу добро.

Фото / Инстаграм принтскрин

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....