13:38 - 19 декември, 2025

(Фото) Пред да стане позната пејачка на Балканот, била чистачка: Чистела скали за да ги плати сметките

Животната цел на пејачката Теодора Џехверовиќ секогаш била да биде голема ѕвезда, а на тој пат може да се каже дека е упатена и денес. Теодора има малку хитови, но сепак за многумина станува омилена, но времето ќе покаже дали ќе преживее на ѕвезденото небо. Освен со гласот, Теодора може да се пофали и со своето извајано тело. На социјалните мрежи често споделува фотографии од теретана каде напорно тренира.

Сепак, животот не бил отсекогаш љубезен кон оваа млада пејачка. Заедно со нејзината мајка се занимавала со најтешките работи само за да преживеат.

Гордана Џехверовиќ, мајка на популарна пејачка, во една прилика раскажала дека нејзината сестра ја исфрлила од дома, поради што со децата се преселила во Панчево.

-Кога сестрите сакаа да ме пратат во лудница, јас со децата отидов во Панчево од Качарево и станав кираџијка. Кога влегов во зградата во која се вселив, видов дека се е валкано и запуштено, па решив со Теодора да го исчистиме сето тоа. Набргу потоа се договорив со станарите тоа да го правиме редовно за хонорар, што добро ни дојде за плаќање комуналии – истакна Гордана, по што не недостигаа коментари од твитерџиите.

– Теодора била чистачка (пред популарноста) – пишуваат фановите на социјалните мрежи, но со позитивна конотација, пофалувајќи ја нејзината борбеност низ животот.

Слични објави

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

msp-admin

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо

„Доживеа инфаркт и ми падна во раце“: Ова е најголемата трагедија во животот на Емина Јаховиќ

Еспресо

Не биле блиски: Викторија Лоба проговори за татко ѝ во Русија

msp-admin
Се вчитува....