6.8 C
Скопје
21:04 - 26 октомври, 2026

Попоски: Доаѓа период на уште потопло време, но и понатаму нестабилно, еве кога

– Продолжува периодот на променливо облачно време во Македонија со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во попладневните и во вечерните часови ќе има повеќе облачност и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со појава на грмежи, засилување на ветерот а има услови и за ретка појава на град.

Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд, ретки грмежи како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, додека во централните и во југоисточните предели во петок, како и за време на викендот температурите ќе достнигнат до 25 степени, локално и до 26, 27 степени.

Како што најавивме, доаѓа период на уште потопло, но и понатаму променливо време – – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....