01:38 - 19 декември, 2025

Кралот Чарлс посети фарма и научи како се прави вкусно сирење

Слушнавме дека кралот е голем љубител на сирењето. Го видовме тоа како можност да му направиме сирење, изјави за АП Катја фон Малцан, која со сопругот води фарма, оддалечена околу 80 километри од главниот град на Германија. Токму овој брачен пар биле домаќини на Кралот Чарлс кој со својата сопруга ја посетил оваа фарма.

Бродовин кинг е сирење слично на тлситер. Се внесува во сирењето сок од морков за да му даде малку сладост и портокалова боја, како британскиот чедар. Земјоделците планираат да произведат околу 150 калапи кралско сирење, кое ќе треба да созрее шест до осум недели пред да биде подготвено за јадење.

При пристигнувањето на фармата Бродуин, британскиот крал го обиколил имотот во кој има 160 крави, 300 кози и 1.800 кокошки. Поради силниот дожд не ја обиколил шталата, туку времето го поминувал во млекарницата.

„Некако заглавивме во млекарницата. Но, тоа ни даде можност малку да поразговараме со кралот, што инаку можеби немаше да биде возможно“, изјавила Катја.

Чарлс разговарал и со вработените во фармата и им поставувал прашања за органското земјоделство.

„Зборувавме за кравјото ѓубриво и колку е добро за почвата“, раскажала Катја.

 

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....