3.8 C
Скопје
18:55 - 18 декември, 2024

Марија пред 4 години одлучи сама да ја одгледа својата ќерка, сега има успешен бизнис во Скопје и пораки за сите храбри жени кои ќе донесат таква одлука

Забрането е преземање на фотографиите и текстот, делумно или целосно.

Животот е постојана борба, притисок да се истрае, успее и победи врз основа на одлуките кои се носат и секако одговорноста која оди со секоја од нив…

Скопјанката Марија Калошева пред неколку години донесе животна одлука својата ќерка да ја расте сама, вешто справувајќи се со сите предизвици кои ги носи eдно родителското семејство. Таа е родена во сосема нормално, хармонично семејство, со родители кои преку личен пример покажувале како треба да изгледа едно функционално и среќно семејство, но Марија во клучниот момент решава својата ќерка да ја подигнува сама.

Фото: Приватна архива / Aвторски права: D_R_D Media Dragan Ristovski

– Иако сакав да биде сè нормално, но поради скоп на околности и причини, откако родив здраво девојче одлучив да го растам за да избегнам некои трауми кои излегоа во тоа време и се сосема неважни за оваа приказна, раскажува Марија.

Помош од семејството и пријателите

Сепак, во подигнувањето на својата ќерка имала помош од многу луѓе, пред сè родителите, браќата, најдобрите другарки и другари, соработници и пријатели. Тогаш дознала колку многу пријатели и добри луѓе има околу неа и дека никој не побегнал кога ѝ било најтешко. Можеби, како што вели таа, заслугата за тоа е што и самата таа некогаш била вистински другар. Сепак, најголемиот дел од обврските останувале на неа, вели Марија и додава:

– Поради финансиската ситуација која ја затекнав затечена, поради тоа што со „една плата не се живее“ и требаше да плаќам туѓи кредити, не по своја вина, бев приморана да започнам да работам и за мајка и за татко. Морав девојчето да го дадам во градинка кога имаше само 7 месеци. Но,  поради системот, таков каков што е, иако имав голема поддршка и разбирање од сите воспитувачки, негувателки, директорки и вработени во градинката, имаше период кога не беше дозволено да го носам детето во градинка, поради непримена МРП вакцина, но во исто време, не смеев да земам ни слободен ден, бидејќи работев со договор на дело, вели Марија за случувањата од првата година по раѓањето на ќерката.

После вакцината, завршиле во болницата во Козле неколку денови. Марија не можела да се појави на работа, поради што, „нормално“ не ѝ го продолжиле договорот. Но, за себе вели дека никогаш не се задоволувала со малку. Примањата ѝ биле мали, па предходно започнала да го заживува нејзиниот стар бизнис.

Советите за здрава исхрана – вовед во успешен бизнис

За среќа вели, бизнисот кој го имала, одлично напредувал, имала можност да работи дури и од болница, а со тоа и да си ги плати сметките.

Фото: Приватна архива / Aвторски права: D_R_D Media Dragan Ristovski

– Мојата пасија е да им помагам на луѓе. Во тоа се пронајдовпред 10 години во една ХОЛОСТИЧНА КОМПАНИЈА којаим помага на луѓето да се хранат здраво и да си го зголемат приходот во нивниот буџет, да работат на нивното ментално здравје и социјален живот. Верувам дека секое дете заслужува да има здрав и правилен оброк и се борам за тоа, раскажува нашата соговорничка, и продолжува:

– Секогаш треба да се покаже со личен пример и доколку ако не работиш мудро, нема ни да имаш. Соработувавам со интернационална нутриционистичка компанија која има заменски оброци и суплименти и дава можност на секој обичен човек да се храни здраво и да заработи дополнително, или пак, да направи свој бизнис.

Самата таа 10 години јаде идеален доручек, па и за време на бременоста направила одлична програма за неа и нејзиното бебе, а за време на доењето, индирекно, и нејзиното девојче се хранело кавалитетно, а веќе на шест месеци, првиот оброк ѝ бил шејк со кашичките направени за неа и дозирани според тежината на бебињата.

Повредата на ќерката, нов предизвик

Фото: Приватна архива / Aвторски права: D_R_D Media Dragan Ristovski

Во меѓувреме нејзината 2.5 годишна ќерка доживеала сообраќајна несреќа, од која, за среќа, се здобила само со скршеница на ногата, но морало да се направат две операции. Поради оваа ситуација, Марија повторно била принудена долго време да биде на боледување, кое новата работа како маркетинг асистент, во нашиот приватен систем, не било толерирано.

– Среќа што мојот бизнис почна уште повеќе да расте за време на пандемијата, зашто сè повеќе луѓе бараат решение за поздраво и правилно да се хранат, а во исто време и многу луѓе изгубија работа или им се намалија приходите, па бараа решенија, а јас тоа го имам и знам како, а имам желба да помогнам на секој кој сака, вели Марија Калошева.

Во меѓувреме почнала да соработува со американски компании како маркетинг менаџер и да биде дел од уште еден фантастичен тим на прекрасни луѓе.

– Кога ќе се навратам во минатото, знам да кажам: јас до четврти спрат качував сама 12 килограми тешко дете кое неможеше да оди, плус кеси од пазарлукот, зашто не смеев да ја оставам ни една секунда сама, па сега ова не можам да го направам!?, низ насмевка продолжува Марија.

Самохрани мајки на хартија, во животот силни и независни жени

Фото: Приватна архива / Aвторски права: D_R_D Media Dragan Ristovski

Моментално преку ден работи и го живее нејзиниот бизнис и заедно со нејзиниот тим, ментори и нејзината принцеза, помагаат светот да биде поздраво и посреќно место за живеење и помага секој да си ги испони своите соништа и цели. А навечер, работи со американските компании и тим каде сите заедно им помогнат на луѓето да имаат свој покрив над глава и да го живеат својот живот од соништата.

– Пред 4 години немаше на повидок дека повторно ќе имамфантастичен живот каков што некогаш имав, сè изгледаше мрачно и туѓо, но моето големо ЗОШТО, незадоволувањето од просечното, мојот личен развој и ментална стабилност,направија повторно да се вивнам кон облаците. Сепак, благодарна сум им на моите родители кои секогаш се тука, иако и тие се вработени и моите браќа кои секогаш „трчаат“ кога е најпотребно. Сепак јас одлучив и сакам сама да се сносам со моите постапки и одговорности, да бидам мајка со полно работно време, да гледам како расте моето дете и да ѝ бидам посветена 24/7, сосема искрено зборува Марија.

Вели дека не сака да го користи терминот „самохрани мајки“, туку „независни мајки“ и ја завршува својата мотивациска приказна:

– Одлично е да се има помош и поддршка, но ако нема, СЕКОЈА МОЖЕ И САМА, само ако доволно силно сака и верува во себе! Не се задоволувај со малку, цени се себеси и луѓето околу тебе, пред сè, грижи се за себе, за да можеш да помогнеш и да се грижиш и за друг!

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....