8.8 C
Скопје
02:11 - 20 февруари, 2026

(ФОТО) ВО ЦВЕТНАТА ОАЗА НА ДРАГИЦА КОСТОСКА: Цвеќињата возвраќаат многу повеќе од тоа што го очекуваш

драгица костоска

Денес сме во прекрасната цветна оаза на Драгица Костоска во најубавото Брусанско маало во Кавадарци.

драгица костоска
Фото: Приватна архива

Оваа госпоѓа ни раскажува дека за дворот што се простира на 55 м2 се грижи сама, има многу видови цвеќе од крин, до гладиоли, медарче, зарче, винки… па кактуси кои ги обожава затоа што не мрзнат па се до декоративни треви, палми, хризантеми и суколенти.

драгица костоска
Фото: Приватна архива

„Многу ја сакам пампас тревата, лесна е за одгледување има брз раст, не мрзне и секогаш привлекува погледи“, ни вели госпоѓа Костоска.

драгица костоска
Фото: Приватна архива

Во постудените месеци голем број од цвеќињата и растенијата ги чува во домот, а останатите како што вели, си имаат статично место на кое не мрзнат и опстануваат и на минусни температури.

драгица костоска
Фото: Приватна архива

„Времето за мене во градината почнува со утринско кафе, уживам во убавината на овие живи растенија, најмалку два до три часа во денот поминувам во мојот двор“, ни вели таа.

драгица костоска
Фото: Приватна архива

А кога ја прашавме за да сподели барем еден градинарски совет со оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, еве што каква мудрост сподели со нас.

драгица костоска
Фото: Приватна архива

„За да се одгледува цвеќе треба да се сака и да имаш услови, желба, тоа нешто да ти ја исполнува душата. Цвеќињата возвраќаат многу повеќе од тоа што го очекуваш“, вели нашата Драгица.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....