7.8 C
Скопје
20:09 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Многу дождови со голем интензитет, големи вирови низ градовите, еве кога да не излегувате без чадор, гумени чизми и кабаница!

– Како што веќе кажавме, од утре попладне и навечер и тоа од запад ќе започнат нови врнежи од дожд, кој во понеделник и во вторник ќе се прошират и во останатите предели. На високите планини врнежите ќе бидат од СНЕГ. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 25 л/м2). Во понеделник на планините, додека во вторник и тоа поради заладувањето и на повисоките места ќе се формира нова снежна поркивка. Исто така во вторник, услови за провејување на снег ќе има и на некои од пониските места, а ќе дува и засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека во вторник и тоа поради продорот на студен воздух од север, истите ќе бележат тендензија на значителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

Според Попоски, повеќе сонце и постабилно време ќе имаме во среда.

И во Скопскиот регион, особено од ноќта недела кон понеделник, но и во првите денови од следната недела се очекуваат нови врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....