11:49 - 8 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дождови и невреме во недела со температури и под 5 степени!

„До сабота ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури кои понекаде ќе се спуштат дури и под 5 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се спуштат до околу 15 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен“, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Денес ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Според Попоски, веќе во сабота попладне и навечер облачноста од запад ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд.

„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во недела и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог и тоа особено во јужната половина од државава, а не се исклучува можноста на некои места процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ“, објаснува тој. 

Температурите во недела и во понеделник ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

И во скопскиот регион до сабота ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во недела и во понеделник ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 27 степени, додека наутро истите ќе се спуштат до околу 10 до 12 степени.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....