20:32 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Теператури под МИНУС 10 степени, насекаде минусни под нула! Еве кога…

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели (локално над 30 л/м2 воден талог), додека на повисоките планини ќе врне снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Доцна попладне и навечер ќе има врнежи од дожд, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Според Попоски, од утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите полека ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југопзападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Под влијание на СТУДЕН БРАН од север, во вторник ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец и ќе има повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Во вторник исто така услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели.

Поради разведрувањето, ОСОБЕНО СТУДЕНО утро ќе имаме во среда, кога минималните температури насекаде ќе бидат под нулата и иситите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени додека на планинските места истите се очекува да се спуштат и под -10 степени.

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....