22:58 - 5 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Температури до 25 степени! Еве точно кога!

– Како што претходно кажавме, до самиот крај на оваа недела ќе имаме променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат релативно високи и НАТПРОСЕЧНИ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот понекаде истите се очекува да се искачат дури до околу 25 степени.

– И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и НАТПРОСЕЧНО топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен, заклучува Попоски.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....