07:42 - 6 април, 2026

ШОПИНГ ИДЕЈА: IKEA лансираше колекција облека за сите возрасти, достапна во продажба од 15.октомври

Популарната марка за мебел и украсување на домот, ИКЕА, ја лансираше првата колекција на облека, и тоа – за сите возрасти.

Колекцијата е насловена EFTERTRÄDA што на шведски значи „наследник“, а ќе биде достапна во продажба од 14 октомври, во сите продавници на Икеа низ светот, но и во онлајн продажба преку официјалната страница на марката.

Станува збор за удобна и практична облека која се носи секојдневно, од дуксери до панталони и маички, а тука се и модните додатоци за комплетирање на изгледот – водоотпорна капа, ранчиња, шише за вода, прстен со клучеви…

Идејата на проектот, на кој матичната компанија и јапонската филијала во Токио работеа во синергија, е да се идентификуваат и да се реплицираат легендарните модели мебел на брендот, но искажани преку облека што ја отсликува креативноста со вкус и стил.

Со оглед на тоа дека брендот Икеа не е присутен во Македонија, ако патувате во соседна Грција или Србија, може да проверите на „лице место“ за што станува збор. Ете ви идеја за шопинг по разумни цени. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IKEA SG (@ikeasingapore)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....