3.8 C
Скопје
05:22 - 17 март, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Американската класика Mac&Cheese – кремасти потпечени макарони

потпечени макарони _мек енд чиз

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

А денес Теа ни подготви вкусни кремасти потпечени макарони со многу кашкавал – добро познатите американски Mac&Cheese.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Лазања – Уживајте во прекрасните вкусови на Италија

Потребни состојки:

🧀 250 гр. макарони
🧀 500 мл. млеко
🧀 200 мл. павлака за готвење
🧀 2 лажици брашно
🧀 30 гр. путер
🧀 1 моцарела
🧀 150 гр. кашкавал чедар
🧀 50 гр. кашкавал гауда
🧀 50 гр. лебни трошки
🧀 сол и црн бибер

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете вода да се загрева. Кога ќе почне да врие ставете ги макароните да се варат. Варете ги онолку минути колку што ви пишува на ќесичката. Додека се варат макароните подгответе го сосот и пуштете ја рерната да ви се загрева на 250 степени.
Во тавче ставете го путерот да се растопи и потоа додадете го брашното. Пржете го 1-2 мин и потоа почнете да го додавате млекото со постојано мешање. Најдобро е да мешате со жица за матење за да не ви се направат грутки. Намалете ја температурата на ринглата за да не ви загори млекото, додадете ја павлаката за готвење и оставете го сосот да се згусне. По некоја минути додадете ги кашкавалите и моцарелата, мешајте додека да се стопат и на крај ставете ги во сосот сварените и процедени макарони. Убаво измешајте за макароните да впијат од сосот, а потоа префрлете ги во тавче за печење. Врз макароните посипете од лебните трошки и ставете ги да се печат 10 мин, да се запечат одозгора.

На здравје и уживајте! 

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Шведски ќофтиња – за да ве радува топол оброк на тмурен ден

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....