5.8 C
Скопје
05:07 - 1 април, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Питички со праз и ориз, се топат во уста!

Пикантната мешавина на праз и ориз ги прави овие посни пити гурмански специјалитет.

Намирници – 500 гр кори за пита, 3 стебленца праз (само белиот дел), филџан ориз, 3 филџани вода, сол и црн пипер, половина лажичка црвен пипер, босилек, сечкан магдонос.

За премачкување – филџан вода и филџан масло.

Подготовка

Ставете вода до зоврие, додадете го филџанот ориз и варете вообичаено. Покријте и тргнете го од рингла, оставете го настрана. За тоа време, ситно исечкајте го празот и ставете го да се динста. По неколку минути додадете го оризот и посолете, убаво измешајте и продолжете да динстате уште неколку минути. Потоа, ставете црн пипер, црвен пипер и останати зачини по вкус и желба. Убаво измешајте и тргнете го тавчето од оган.

Одвојте ги корите една од дрига. Во лонче измешајте ја водата и маслото за премачкување. Една кора ставете ја на работната површина. Со лажица ставете од мешавината за премачкување и намачкајте што поголем дел од површината. Свиткајте ја кората по должина, потоа повторно премачкајте ја.

Сега нанесете 2 лажици од филот од оризот и праз, ставете го на средината на кората. Свиткајте ја кората како сарма.

Редете ги питичките во подмачкан плех. Горната површина премачкајте ја со смесата за премачкување. Печете во рерна околу 40 минути на 200 степени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....