07:48 - 1 февруари, 2026

ИСТРАЖУВАЊЕ: Во која држава е најдобро да се родите како жена?

жени

Што мислите? Македонија на кое место е?

Кога станува збор за еднаквоста, ниту една земја на планетата сè уште нема сè што е потребно за да може да се каже дека нема повеќе потреба од борба за еднаквост.
Пред две години беа објавени резултатите од истражувањето за тоа каде, на глобално ниво, на жените им е најдобро, а каде најлошо. 

Нема совршена земја за жените

Институтот за жени, мир и безбедност на „Универзитетот Џорџтаун“, во соработка со „Институтот за истражување на мирот во Осло“, ги зедоа предвид глобалните разлики меѓу земјите при мерење на учеството на жените во општеството, чувството на сигурност и изложеност на дискриминација, кои се клучни показатели за положбата на жените во некоја средина.

жени 2

Покрај три други поткатегории, овие показатели треба да ни покажат колку жените се овластени (или не) во едно општество.

Кога станува збор за инклузија на жените, се земени во предвид претставничките во владата на земјата, користењето мобилни телефони, вработувањето, пристапот до финансии и образование, за чувство на сигурност беа разгледани-сигурност во комуникациите, организирано насилство и насилство од страна на партнерите, додека третата група вклучуваше сексизам, дискриминаторски норми и закони за антидискриминација.

Резултатите од истражувањето укажаа на големи разлики во положбата на жените помеѓу земјите, но и фактот дека не постои земја во светот со совршен резултат, ниту со целосно негативен.

Која земја е најдобро место за живеење на жените?

Според извештајот објавен од „Универзитетскиот институт Џорџтаун“, Норвешка е на прво место, како земја во која е најдобро да се биде жена, додека Швајцарија е на второ место, а Финска е на трето место.

Следуваат: Данска, Исланд, Австрија, Велика Британија, Луксембург, Шведска, Холандија и Канада.  Соединетите држави, кои обично се сметаат за најистакнатиот борец за еднаквост по многу прашања, го зазедоа само 19-тото место.

жени 3

Која земја е најлоша за животот на жените?

Најтешко им е на жените во Јемен, кој е на 167 место, потоа на Авганистан, но треба да се има предвид дека истражувањето е спроведено долго пред воспоставувањето на талибанскиот режим, познат по својата бруталност кон жените.

Следуваат Сирија, Пакистан, Јужен Судан, Ирак, Демократска Република Конго, Централноафриканска Република, Мали, Судан, Либија …

Ситуацијата на Балканот?

Македонија е на 37 место, Србија на 24, следуваат Хрватска со 32 место, потоа Бугарија со 39 место и Црна Гора со 40 место.

Извор: „magazin.novosti“

Слични објави

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо
Се вчитува....