5.8 C
Скопје
01:53 - 1 април, 2026

(Видео) „Златен лав“ за неверојатната приказна на оскаровката Лаура Поитрас

Филмот „Сета убавина и крвопролевање“ (All The Beauty And The Bloodshed) на Лаура Поитрас ја доби наградата „Златен лав“ за најдобар филм на 79. филмски фестивал во Венеција.

На 58 години, американската режисерка ја освои својата втора голема награда, по „Оскарот“ за најдобар документарен филм за „Citizenfour“ (2015), продуциран заедно со свиркачот Едвард Сноуден.

„All the Beauty and the Bloodshed“ е патување низ животот на Нан ​​Голдин, 68-годишна фотографка позната по своите снимки од њујоршкото подземје.

Големата награда на жирито – „Сребрен лав“, ја зеде францускиот „Свети Омер“ (Saint Omer) во режија на Алис Диоп, додека Лука Гвадањино за американско-италијанското остварување „Коски и сите“ (Bones and Аll) го доби „Сребрениот лав“ за најдобар режисер на ова фестивалско издание.

Кејт Бланшет беше прогласена за најдобра актерка за улогата во филмот „ТАР“ (TÁR) на Тод Филд, а, пак, наградата за најдобар актер ја доби Колин Фарел за „The Banshees Of Inisherin“ во режија на Мартин Мекдонаг, кој се закити и со наградата за најдобро сценарио.

Наградата „Марсело Мастројани“ за најдобар млад актер или актерка, ја освои Тејлор Расел за филмот „Коски и сите“. Специјалната награда од жирито му припадна на „Без мечки“ (No Bears) на Џафар Панахи од Иран.

Со жирито на 79. Венециски филмски фестивал претседаваше актерката Џулијан Мур.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....