6.8 C
Скопје
05:42 - 31 март, 2026

Закерберг ја призна својата грешка во однос на стратегијата што ја користи за Фејсбук и Инстаграм

Познато е дека Фејсбук во последно време има големи проблеми, што можеме да се види од падот на бројот на корисници, но и од состојбата на берзата каде годинава загубија стотици милијарди долари. Во едно неодамнешно интервју, Марк Закерберг објасни што може да биде причината за овие проблеми и ја призна својата грешка во однос на стратегијата на компанијата.

Пред неколку години, Закерберг бил убеден дека корисниците сакаат Фејсбук да стане што е можно повеќе лична платформа, односно на нивните профили да се појавува содржината објавена од нивните пријатели и роднини. Денеска е очигледно, како што и самиот призна, дека погрешил.

Се покажа дека корисниците сакаат најдобра и најквалитетна содржина и дека не е важно кој ја објавува таа содржина. Тоа навреме го препознале во ТикТок, поради што популарноста на оваа мрежа постојано се зголемува, додека корисниците полека го напуштаат Фејсбук. Иако се обиделе да го променат алгоритмот на Инстаграм за да биде повеќе како ТикТок, корисниците не беа задоволни бидејќи не сакаат мрежата да стане само копија на ТикТок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Закерберг вели дека на почетокот, ТикТок не се вклопувал во неговиот „шаблон на социјални работи“ и повеќе му се чинел како пократка верзија на Јутјуб. Денес, тој вели дека е важно да се создаде алгоритам кој ќе им препорача на корисниците различни забавни содржини, но за разлика од ТикТок, тој сака да се фокусира не само на видеата, туку и на фотографиите и текстуалните записи.

„Понекогаш сакам само да гледам видеа, но често ги сакам само најдобрите работи“, објасни тој во интервју за Stratechery.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....