14:48 - 3 април, 2026

Внимателно во салоните за маникир – жена од Австралија завршила во болница по третман на нејзините нокти

Австралијка од Перт може да го изгуби палецот откако се заразила со бактериска инфекција за време на маникир.

Агенцијата за заштита на потрошувачите изминатата година добила 10 поплаки за процедури за нокти. Не постојат посебни закони за хигиена за салоните за нокти, само упатства.

Сју, 48, живееше со неподносливи болки во палецот во последните две години откако се зарази со стафилокок инфекција за време на маникир во салон за убавина во Перт. Таа тврди дека техничарот ѝ ги заменил ноктите со акрилни и почнал да ги турпира со алат пред да го потопи со ацетон, пишува „Дејли мејл“.

Сју подоцна поминала пет дена во болница, откако дознала дека дел од коската на палецот мора да и се отстрани. Таа вели дека најлошото што може да се случи е да ѝ го ампутираат прстот.

Продолжила да живее со постојана пулсирачка болка во палецот, кој исто така горел.

„ Навистина пулсира и не можете да се извлечете од тоа“, изјавила таа за „Nine News“.

Таа сега одлучи да преземе правна постапка против салонот затоа што не ги исполнил „хигиенските стандарди“.

„Не би оделе на валкан стоматолог, зошто би оделе во валкан салон за нокти?“, рече таа.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....