9.8 C
Скопје
15:46 - 19 февруари, 2026

Владо Георгиев не проба алкохол во Скопје: Порано на сцената ми фрлаа градници, сега се чанти и јакни

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев-Барба одржа концерт во Скопје, во преполниот ноќен клуб „Пјур“. Без оглед на тоа дали настапува во концертна сала или во клуб, Георгиев пее со својот комплетен бенд и екипа зад миксетата и со целосен репретоар.

Традиционлано, на публиката ѝ се обрати на одличен македонски јазик со скопски жаргон: „Шо праите, како сте?“, и имаше оригинална приказна пеејќи една од неговите балади.

-Порано, на сцената ми фрлаа градници, сега на бината имам чанти и јакни. Се шегувам. Ова се моите верни фанови, јас ја делам сцената со нив“, рече Владо, а потоа го зеде телефонот од една од обожавателкте и се сликаше со неа.

Пееше речиси три часа, некои од песните како „Једина“, „Жена без имена“ ги отсвире самиот, а Скопје доби уште едно убаво дружење со романтичните песни на Владо.

Организаторите ни раскажаа дека познантиот боем уживал во македонските специјалитети во Скопје, и иако за него често се пишува дека сака да се напие по некоја чашка, велат дека за време на вечерата, Владо не вкусил алкохол.

-Владо целиот свој ден го помина во боемска атмосфера, ја избра националната кафана и винарија – „Лозница“ да ужива во македонската традиционална кујна а неговото мени изобилуваше со салати и разновидно месо, но и се послужи со дел од интернационалното мени во кој доминираше морската храна. Забележително беше дека не конзумираше алкохол“, велат менаџерите на клубот.

-Се радуваме што на сцената, Владо испорача вистинско музичко задоволство. Неговиот препознатлив глас проживеа низ секоја нота и допре до срцата на публиката. Откако се појави на сцената, владееше со атмосферата и направи неверојатна врска со публиката. Публиката постојано беше во екстаза, пееше со него и му ја возвраќаше енергијата. Владо Георгиев демонстрираше неверојатен талент, прекрасна сценска присутност и способност да ги повлече сите наоколу во неговиот свет на музика и емоции“, велат организаторите на овој концерт.

Георгиев по настапот немаше многу време, и сосема кусо за „Еспресо“ изјави дека во Скопје му е како дома. Познат како човек кој доста време поминува на море (до 16 години живеел во Херцег Нови на Јадран), тој ги покани сите негови фанови од Македонија да го посетат Јадранот годинава.

-Се надевам дека наскоро пак ќе се дружиме во Македонија. Ако не биде така, се гледаме на море. Повелете, се надевам дека Јадранското ќе биде ваш избор годинава, но ќе бидам среќен ако се сретнеме и во Охрид“, ни кажа Барба.

Оваа недела во „Пјур“ клуб во Градскиот парк гостува харизматичниот хрватски пејач Тони Цетински, кој по 7 години пауза повторно ќе се појави пред македонската публика.

На истото место, досега концерти одржаа Владо Јаневски, Дарио, Џибони, Бајага, „Црвена Јабука“, Тамара Тодевска, Наташа Беквалац, „Нокаут“, Ѓоко Танески, Бени, „Ареа“,и други локални бендови.

Фото: Горан Десковски

 

Слични објави

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо
Се вчитува....