6.8 C
Скопје
08:23 - 1 април, 2026

Виктор Димовски, првиот човек на АНБ и ветеран во дипломатијата ќе биде амбасадор во Франција

Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност ќе биде амбсадор во Франција. Станува збор за искусен дипломат, доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство.

Владата на почетокот на јуни 2019 година токму Димовски го назначи да ја предводи новоформираната Агенцијата за национална безбедност наместо Управата за безбедност и контраразузнување, која беше орган во состав на Министерството за внатрешни работи. Новата агенција стана самостоен орган.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информира дека пратеникот Зеќир Рамчиловиќ ќе ја претставува Македонија во Црна Гора.

Се очекува да има уште тројца кандидати за амбасадорското место во Берн, Швајцарија и за местата генерален конзул во Минхен и во Торонто, чии имиња ќе бидат достапни до јавноста откако комплетно ќе заврши процедурата околу нивното назначување.

Инаку, дипломатот кој ќе ја претставува Македонија во Франција Виктор Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на нашата земја во Србија и Црна Гора, како и во државата Израел.

Извршувал и други одговорни должности во Министерството, како помошник министер, државен советник и специјален советник.

Бил Национален координатор на нашата земја во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија.

Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил и директор на Агенцијата за разузнавање.

 

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....