22:57 - 2 април, 2026

(Видео) Жените во Иран сечат коси и палат хиџаб – револт и гнев по бруталното убиство на млада девојка

На Твитер позната новинарка од Иран објави видео на кое се гледа како жени во оваа земја протестираат и го покажуваат својот гнев со сечење на косата и палење на хиџабот поради убиството на младата Махса Амини, која според очевидци била брутално претепана до смрт од страна на полицијата само затоа што не носелa хиџаб.

Несреќната девојка, како што пишуваат активисти и борци за човекови права на социјалните мрежи била во цутот на својот живот – имала само 22 години.

– Од 7-годишна возраст, ако не ја покриеме косата, нема да можеме да одиме на училиште или да се вработиме. Доста ни е од овој режим на родовиот апартхејд, протестира на твитер познатата иранска новинарка Масих Алинеџад.

Махса Амини патувала со своето семејство од иранската провинција западен Курдистан во главниот град Техеран за да ги посети роднините кога била уапсена поради наводно кршење на строгите правила за хиџаб во земјата. Откако била претепана, таа паднала во кома подоцна и починала.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....