7.8 C
Скопје
05:17 - 2 април, 2026

Следбениците на Трамп на Твитер пораснаа на 25 милиони по деблокирањето на профилот

Следбениците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Твитер се зголемија на 25 милиони, само седум часа откако неговата сметка беше повторно отворена.

Сè уште нема напишано ништо на обновената страница.

Потврдената сметка на @realDonaldTrump беше замрзната на 8 јануари 2021 година, два дена откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Капитол во обид да го спречат одобрувањето на Конгресот на САД за победата на демократот Џо Бајден за претседателските избори. Во тоа време тој имаше околу 90 милиони следбеници.

Твитер го деблокираше профилот на Трамп откако оваа одлука ја донесоа учесниците во анкетата спроведена од сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск.

Профилот на поранешниот американски претседател на Твитер, откако беше отклучена, за 40 минути собра 1,3 милиони нови следбеници. Сепак, самиот Трамп изјави дека нема да се враќа на Твитер, туку ќе продолжи да објавува објави на својата социјална мрежа Truth Social.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....