-2.2 C
Скопје
00:14 - 19 февруари, 2026

Русите во 2022 година најмногу имот купиле во Турција – Истанбул им е омилен

Руските државјани станале лидери во купување живеалишта во Турција во текот на минатата 2022 година, со повеќе од 16.000 единици недвижнини, што е двојни повеќе отколку Иранците, соопшти во вторникот турскиот национален институт за статистика.

Според податоците, Русите во текот на минатата година купиле вкупно 16.312 станбени единици, а само во декември купиле 2.403 недвижнини. На второто место на странските државјани кои купуваат недвижнини во Турција биле Иранците со вкупно 8.223 живеалишта.

Вкупно во Турција минатата година на странски државјани им биле продадени 67.490 станбени единици, што преставува раст од 15,2 отсто во однос на претходната 2021 година. Притоа, вкупниот удел на становите купени од странците во 2022 година изнесува 4,5 отсто.

Најмногу недвижен имот странците купиле во Истанбул – 24.953, потоа во средоземноморскиот туристички центар Анталија – 21.860, а на третото место е југоисточната крајбрежна провинција Мерсин каде се гради првата турска нуклеарка „Аккују“ – со 4.316 продадени недвижнини на странци.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....