11:31 - 6 април, 2026

Русија ќе забрани ЛГБТ пропаганда, книги и филмови за промена на полот – казните се до 5 милиони рубљи

Руската Дума денеска го одобри третото читање на законот за забрана на пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, педофилија и информации кои можат да наведат некого да побара операција за промена на полот.

Законот забранува ЛГБТ пропаганда во медиумите, на Интернет, како и во реклами, книги и филмови, пренесе ТАСС.

Законот ги забранува сите повици за промена на пол кај малолетниците на Интернет, во медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами.

Споделувањето на материјал поврзан со ЛГБТИ правата, хомосексуалноста и родовиот идентитет ќе биде казниво со парични санкции од 400.000 рубљи до 5 милиони рубљи или 80.000 евра за правни лица. Странските државјани кои нема да го почитуваат овој закон ќе бидат протерани од државата.

Предлог-законот пред да се усвои треба да помине и на читање и кај горниот дом на парламентот – советот, а потоа да го потпише претседателот Владимир Путин.

„Овој закон ќе ги заштити нашите деца и иднината на земјава против црнилото што го шири САД и европските земји. Ние имаме наши традиции и вредности“, изјавил претседателот на Државната Дума, Володин Вјачеслав.

Слични објави

Мелани Тарлчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....